Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ВестиСО МАСОВНА СЕЧА И ТРАНСПОРТ НА ДРВА ПОСТЕПЕНО СЕ УНИШТУВА СОНОТ ЗА...

    СО МАСОВНА СЕЧА И ТРАНСПОРТ НА ДРВА ПОСТЕПЕНО СЕ УНИШТУВА СОНОТ ЗА РОДНОТО ОГНИШТЕ ВО СЕЛО ДРЕНОК (Дримкол)

    petel baner

    СЕЛО ДРЕНОК – Дека ништо не функционира онака како што треба или како што функционирало во минатото во оваа наша Македонија свесни сме одамна, но за секој случај на тоа често не потсетуваат институциите и политичарите, кои чинам се создадени да уништат колку што можат повеќе.

    Чест на исклучоци, но во една област, прекрасниот Дримкол и најубавото село Дренок, жителите и оние кои потекнуваат од селото не се соочиле со некој исклучок кој ќе рече навистина претеравме, ајде да ги почитуваме правилата на функционирање.

    Село Дренок локациски се наоѓа во областа Дримкол, на североисточните падини под врвот Радуч, на планината Јабланица. Атарот на селото допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско, на надморска височина од 1.095 метри, оддалечено од градот Струга 34 километри. Селото спаѓа под Општина Струга.

    Единствен начин со возило да се пристигне до село Дренок е преку пат изграден во 1976/77 година со самопридонес од жителите, кој освен до село Дренок водел и до Караула Дренок каде во минатото била стационирана војска на АРМ, која исто така помогнала во изградбата на патот.

    Но, прашање е колку овој пат е функционален за обични возила по масовното уништување на патот по кој возат тешки моторни возила (камиони) кои тежат и преку 30 тона, а кои пренесуваат огревно дрво по овој пат, кој всушност е планински и по него е предвидено да се движат возила со максимална тежина до 5 тона.

    Жителите на село Дренок и оние кои потекнуваат од таму алармираат дека околу селото Дренок се случува масакр на шумите и буквално никој не презема ништо, се е поставено во функција на задоволување на интересите на концесионерите и уништување на патот, а од сето тоа прилично добро профитираат дрвокрадците кој одлично ги користат дупките во Законите.

    Локалните жители се жалат дека секојдневно се сечат дрва и по патот се симнуваат најмалку по 5 камиони дневно претоварени со дрва, планината се соголува, постои опасност од свлечишта, загрозени се изворите, постои ризик од сообраќајна незгода бидејќи патот не е предвиден за движење на огромни камиони, а прашање на време е кога патот ќе биде целосно нефункционален за сообраќај.

    Проблемот трае со години и се повеќе се влошува. Согласно проектот за изградба на патот, дозволената тежина на возила на кои им е дозволено да се движат по патот изнесува 5 тона, но по него се движат неколкукратно потешки возила и со секое поминување патот се повеќе се оштетува, а сонот на Дренчани за спокојно искачување до своето родно огниште постепено исчезнува и возењето на последните 4 километри од овој патен правец е претворено во вистински пекол и уништување на сопствените возила.

    Жителите и оние со потекло од село Дренок бараат државните и локалните инспекциски служби да излезат на терен и посериозно да се позанимаваат со овој проблем што зема се поголем замав и се заканува целосно да го отсече селото од патна инфраструктура. Правдата ја бараат институционално, од каде одговорните лица или не доставуваат одговори и не постапуваат по барањата доставени до нив, често креваат раменици и се препраќаат да се обратат во друга институција, но истовремено размислуваат и на алтернативни решенија преку кои би ги спречиле овие тешки товарни возила да се движат по патот, а концесионерите да ја почитуваат поставената сигнализација. Не се исклучени ниту протести се додека не го сопрат уништувањето на природата и патот.

    Движењето на огромните камиони натоварени со дрва претставуваат ризик за движењето на останатите возила по патот бидејќи истиот е широк само 5 метри, што прави невозможно да се размине со било кое друго возило кога по патот се движи огромен камион. Фактот што станува збор за планински пат со многу кривини, на него речиси и да нема опција возилата да се тргнат на страна или да завртат со цел да се разминат.

    Освен концесионери, на овој пат често може да се забележат и дрвокрадци, во групи од најмалку 5 лица, најчесто користат огромни камиони и возила кои ниту имаат регистарски таблички, а ниту се регистрирани и се злоупотребуваат малолетни лица во целиот процес на нелегална сеча и кражба на дрва. Овие лица не носат со себе документ за лична идентификација, опасни се за околната доколку почуствуваат закана и се вооружени.

    Дренок неодамна формираше Здружение за обнова на селото, кое ќе биде појдовна основа за сите оние млади ентузијасти и вљубеници во село Дренок да придонесат со цел да се соочат и успешно да ги надминат овие проблеми. Жителите и сите останати лица кои сакаат да помогнат можат донираат сопствени финансиски средства со цел да се санира патот за да може да се пристигне до селото и да си ги посетат своите родни огништа, не дозволувајќи да изумре нивниот сон за мирен живот во прекрасниот Дренок. Оттаму порачуваат дека ќе направат се што е потребно за да го спречат целосното уништување на патот и ќе изнајдат начин да го возобноват пристапот до селото и да го заживеат повторно.

    Па добро бе луѓе како да си отидеме дома?

    Agrobot

    МВР, Државен инспекторат за шумарство, МЗШВ, општина Струга, општина Дебар, Македонија пат

    Апелираат сите оние кои се во можност да донираат финансиски средства на отворената трансакциска сметка на Здружението за обнова на село Дренок 200-0023630276-62 отворена во Стопанска Банка АД – Скопје кои ќе бидат од значење за санација на патот, која повеќе од очигледно е дека ќе мора самостојно да ја финансираат имајќи предвид дека барем засега ниту една институција нема слух за решавање на овој проблем со кој се соочуваат се повеќе села во Македонија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Иницијативен одбор за обнова на село Дренок.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img