домаАгро ВестиФранција забранува употреба на зборови како „бифтек“, „бургер“ или „колбас“ за вегетаријански...

Франција забранува употреба на зборови како „бифтек“, „бургер“ или „колбас“ за вегетаријански производи

Prokredit baner

Франција забранува употреба на зборови како „бифтек“, „бургер“ или „колбас“ за прехрамбени вегетаријански производи. Таа ќе стане првата европска земја што ќе ја воведе оваа забрана.

Имено, забраната за која француските политичари се договорија уште во 2020 година, ќе стапи на сила во октомври оваа година.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

– Нема да може да се користи терминологија специфична за секторот која традиционално се поврзува со месо или риба за производи кои не припаѓаат на животинскиот свет и кои во суштина не се споредливи – појаснува регулативата.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Оваа регулатива ќе важи само за производите од Франција. Најголемото земјоделско здружение во земјата, FNSEA, смета дека регулативата не оди доволно далеку бидејќи ја отвора вратата за увозната стока да се декларира како таква.

Petel.mk

FNSEA смета дека слична одредба треба да се воведе и на европско ниво. Сепак, Европската комисија го одби таквиот предлог пред две години. Некои термини, како што се „путер“, „млеко“ и „сирење“, се веќе заштитени на европско ниво и не можат да се користат за означување на вегетаријански производи.

Сепак, „бургерот“ може да има и своја алтернатива од зеленчук. Пазарот за вегетаријански и вегански прехранбени производи силно порасна во последниве години.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img