Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЦвеклото е деформирано или премногу мало? - Еве зошто тоа се случува!

    Цвеклото е деформирано или премногу мало? – Еве зошто тоа се случува!

    petel baner

    Цвеклото спаѓа во типот на растенија кај кои надземната лисна маса може да изгледа совршено здрава и нема индикации дека се развиваат проблеми под земјата, каде што расте коренот, поради што се одгледува оваа култура. Зошто се случува да цвеклото е деформирано или премногу мало?

    Вашето цвекло има бујна лисна маса. Додека пак плодот што сте го извадиле е премал или деформиран. Постојат одредени причини кои водат до тоа и кои може да се решат со примена на соодветни агротехнички мерки.

    Otkup na kompiri

    Густо садење

    Ако сте го посеале цвеклото премногу густо, корените на растението што ќе никнат потоа нема да имаат доволно простор да се шират.

    За да го избегнете ова, дајте им на цвеклата доволно простор за развој. Засадете на растојание од десет сантиметри по ред и 30 сантиметри меѓу редовите.

    Компактна земја

    Почвата е премногу тврда и збиена, исто како и во случај на премногу густо садење. Коренот на нема да има доволно простор за развој. Но, без разлика на видот на почвата на која ќе се сади културата, пред садењето потребно е да се ископа и раастресе почвата на длабочина од 30 сантиметри пред да се засади цвекло.

    Недостаток на хранливи материи во почвата

    Цвеклото извлекува големи количества фосфор од почвата, кој му е потребен за да ги развие своите корени. Ако нема доволно во почвата, листовите ќе изгледаат здрави, додека коренот ќе остане закржлавен.

    Дефинитивно се препорачува анализа на земјиштето каде што ќе се одгледува културата. Иако недостатокот на хранливи материи е проблем што е поретко во одгледувањето цвекло отколку што е случајот со премногу густо садење и набиена почва.

    Затоа, прво започнете со вообичаени проблеми. Дури потоа наѓубрете со фосфор, бидејќи премногу од овој елемент во почвата може да предизвика некои проблеми од различна природа.

    Камења во земјата

    Ако почвата е камена, може да се случи цвеклото да биде принудено да расте околу каменот, што може да доведе до помали корени или корени со неправилна форма. Со копање до длабочина до 30 сантиметри и отстранување на камењата од земјата, овие проблеми може лесно да се спречат.

    agrounik

    Недостаток на сонце

    Слабо развиениот корен од цвекло може да биде резултат на недостаток на сонце. Обезбедете цвекло со најмалку 6 часа сончева светлина дневно и проблемот ќе се отстрани.

    Кисела почва

    Цвеклото сака малку алкална или неутрална почва, а ако рН вредноста падне под 6,5, киселоста може да го отежне пристапот до фосфор и да резултира со лошо формирани корени. Исто така, црвената боја на листовите укажува на нерамнотежа во ph вредноста на почвата. Еден од вообичаените начини за алкализирање на почвата е да се додаде вар како што е препорачано од анализата на почвата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Недостаток на вода

    Пукнатините во корените на цвеклото се знак дека наводнувањето не било доволно или дека отсуствувало кога на корените им било најпотребно. Најдобар знак дека на растението му недостасува вода е пожолтувањето или паѓањето на листовите.

    Проверете ја сувоста на почвата со прстот, а доколку почувствувате дека е веќе сува на длабочина од 2-3 сантиметри, потребно е полевање. Запомнете дека секогаш е подобро да се наводнува почвата каде што расте цекло отколку да се наросуваат листовите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img