Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиМерка 3 од ИПАРД

    Мерка 3 од ИПАРД

    petel baner

    Мерка 3 од ИПАРД : ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ

    Корисници

    Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
    Задруги.
    Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

    Otkup na kompiri

    Приоритетни сектори

    Приоритетни сектори

    Преработка на млеко и млечни производи;
    Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
    Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
    Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
    Растителни и животински масти и масла;
    Шира, вино и оцет;
    Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

    Стандарди

    Преработка на млеко и млечни производи;
    Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
    Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
    Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
    Растителни и животински масти и масла;
    Шира, вино и оцет;
    Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

    Економска оджливост

    инансиската / Економската оддржливост на инвестицијата барателот ја докажува преку:

    Деловен план

    Сопственост на земјиште/објекти

    За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

    Сопственост или
    Договор за закуп
    (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

    Специфични критериуми

    Барателот кој предлага инвестиции во сектор вино, треба да се регистрира во Регистар за производители на вино при Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, со датум пред датумот на поднесување на барањето за исплата;
    Барателот кој предлага инвестиција во центар за собирање и дистрибуција на зеленчук и овошје, житарици и млеко треба да е регистриран во Регистар за откупувачи на земјоделски производи при Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, со датум пред датумот на поднесување на барањето за исплата.

    Прифатливи инвестции

    Конструкција или реконструкција на згради и друг недвижен имот кој се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи, помошни простории, објекти кои придонесуваат кон заштита на животната средина или заштита при работа и потребната опрема.
    Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:
    Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
    Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
    Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
    Заштита на животната средина;
    Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
    Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
    Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
    Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
    Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.
    Идни инвестиции

    Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 4.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализирани, (исплатени на корисникот).

    Висина на поддршка

    Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
    Инвестиции во згради/опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
    Инвестиции во згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
    Инвестиции во згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
    Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.
    Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестициски проект – 10.000 €. Максималната вредност на вкупни прифатливи трошоци по еден корисник по мерка 3 изнесува до 4.500.000 € за целиот период на спроведувањето на Програмата.

    Потребните формулари за аплицирање може да се подигнат во

    Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

    Тел.: 02/3134-477 локал 113,114,115, Сектор ИПАРД

    Адреса: Аминта III бр.2, Скопје,

    www.ipard.gov.mk

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

    Тел.: 02/3097-460

    Адреса: III Македонска бригада бб., Скопје

    www.ipardpa.gov.mk

    Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството

    Тел.: 047/228-330 и 047/228-370

    Адреса: Климент Охридски бб, Пелагонка II-5/3, Битола

    www.agencija.gov.mk

    agrounik

    Мерка 3 од ИПАРД

    Јавниот повик, како и сите придружните материјали за реализација на истиот, заинтересираните кандидати можат да ги добијат кај Зоран Коцев
    Експерт за консултантски услуги во земјоделството и ИПАРД фондови
    Мобилен: 070 239 234

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Зоран Коцев

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img