Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаХраната како лекЗачини и хранливи додатоци кои го подобруваат здравјето

    Зачини и хранливи додатоци кои го подобруваат здравјето

    petel baner

    Пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат.

    Овие зачини и хранлвиви додатоци треба да ги користите почесто во исхраната:

    Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.

    Agrobot

    Циметот има смирувачки ефект. Цејлонскиот цимет, на пр., содржи и супстанции коишто се природни антисептици.

    За ѓумбирот се вели дека може да смири треска, да ублажи настинка, помага при надуеност и гадење и го подобрува варењето на храната. Сепак, ѓумбирот може да има штетно влијание за луѓе со гастроинтестинални и бубрежни проблеми. Здравиот човек може да зема четири грама ѓумбир на ден.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лукот е природен антибиотик. Супстанцијата алицин, којашто е одговорна за неговата терапевтска функција, се распаѓа при повисока топлина. За да се извлече максимумот од лукот, треба да се јаде свеж. Една глава дневно ги спречува симптомите на настинка и го забрзува закрепнувањето по болеста.

    Лутите пиперки истот така го продолжуваат животот. Ова го докажува труд спроведен од „Чајна биобенк“. Уникатната супстанција капсаицин во пиперките го подобрува метаболизмот и го намалува нивото на холестерол во крвта.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img