Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиКако да се негува и одржува Јасмин, цвет со прекрасен мирис

    Како да се негува и одржува Јасмин, цвет со прекрасен мирис

    petel baner

    Јасмин е украсна грмушка со мали цветови во форма на ѕвезда, со многу познат, карактеристичен и опоен мирис. Ова растение е погодно за одгледување и нега надвор, но и внатре, во зависност од видот.

    Покрај сортите што можат да се одгледуваат во затворени простории, попознатите се одлични за украсување ѕидови или огради. Јасмин се засадува на сончево, топло место заштитено од ветрот. Грмушката на овој цвет обично се наоѓа во близина на тремот или дел од дворот каде што седите, за да уживате во неговиот прекрасен мирис.

    Otkup na kompiri

    Јасмин треба да се сади во влажна, но добро пропустлива почва. Многу сорти не толерираат добро сенка.

    Кога се сади јасмин, најдобро е да се избере место каде што коренот е во сенка, а врвот на растението е на сонце. Доколку ги немате овие услови, засадете ниски грмушки растенија покрај јасминот и создадете ги условите ги на тој начин.

    agrounik

    Лесно се одгледува без сериозни проблеми со штетници и болести

    Единственото нешто на кое треба да внимавате, за сортите што се одгледуваат надвор, се лисните вошки. Ако летото е многу топло, јасминот треба да се полева секој втор ден. Прихрана е потребна еднаш годишно.

    Јасмин што цвета на лето треба да се кастри откако ќе заврши цветањето, кон крајот на летото или почетокот на есента, со отстранување на старите и слаби гранки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ова ќе овозможи да се развијат нови гранки, кои ќе имаат доволно време да созреат и да ве наградат со цветови следната сезона.

    Може да се размножува со резници. За сортите кои се наменети за дворови најдобро е резниците да се земаат во зима. Кај понежните кои се наменети за одгледување во затворен простор да се земаат напролет.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img