Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ВестиПротест на оризопроизводителите

    Протест на оризопроизводителите

    Кочанските оризопроизводители преку протест со блокади на регионалниот пат Штип-Кочани го искажуваат своето незадоволство.

    Оризопроизводителите одржаа протест незадоволни од откупните цени и велат дека блокади ќе има секој ден до почетокот на жетвата.

    Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците.

    Најавено е дека блокадите ќе се поставуваат секој ден до почетокот на жетвата.

    -На светската берза цената на белиот ориз скокна на 2.500 евра за тон или 150 денари за килограм, додека кај нас откупната цена стагнира. Затоа бараме откупна цена од 40 денари за оризова арпа и 80 денари за бел ориз – велат организаторите на протестот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Берба и чување на лешници
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Лов на диви свињи од први септември
    spot_img
    spot_img
    spot_img