Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

23.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро ЗабаваВанила - билка со чудесна арома

    Ванила – билка со чудесна арома

    Ванила е ароматична билка, со карактеристичен интензивен мирис и се одликува со раскошен и благ вкус.

    Ванила се смета за кралица на мирисите и зачините поради исклучително пријатниот мирис кои и го дава клучната состојка ванилин.

    Поради долготраен процес на производство, ова билка покрај шафран и кардамон, спаѓа помеѓу најскапите зачини на светот, а позната е како силен афродизијак.

    Припаѓа во семејството на орхидеи, потекнува од Мексико, од таму се има раширено на други тропски подрачје. Може да порасне до 15 метри, има долги меснати листови и жолти или портокалови цветови кои се јавуваат дури по три години од садењето.

    Вештачката замена за ванилата се нарекува ванилин. Помалку е ароматичен, бидејќи освен ванилин, природната ванила содржи и многу други природни ароматични материи.

    Се користи за подготовка на десерти, креми, сладолед. Ако додадете малку ванила во шеќерот во прав, ќе добиете многу ароматичен шеќер во прав, погоден за разни колачи и слатки.

    Ванилата има широка примена и надвор од кулинарството, таа е суровина во производството на парфеми.

    Најдобро е ванилата да се чува во херметички сад. Триковите за складирање велат дека ванилата ќе трае најдолго и ќе ги зачува своите својства доколку е закопана во шеќер. Така, ароматизираниот шеќер може да се користи по 2-3 недели, како додаток на кафе или чај.

    Употреба на ванилата

    Мирисот на ванилата го поттикнува чувството на радост и дава чувство на ситост. Ванилата е многу корисна за жените, бидејќи помага да се ублажат симптомите во текот на циклусот. Главната придобивка од ванилата е нејзиниот смирувачки ефект. Таа е способна да го подобри расположението.

    Слатката арома на ванилата има релаксирачки ефект, ја отстранува нервната напнатост, ги потиснува негативните мисли, ја буди креативноста, интуицијата и оптимизмот.

    Ароматичната киселина, која е главната состојка на етеричното масло од ванила, има благотворно дејство на кожата. За болка и напнатост во мускулите, наместо есенцијално масло може да се користи екстракт од ванила. Екстрактот од ванила го подобрува варењето, ја потиснува болката, релаксира, го намалува воспалението и спречува инфекции.

    Доколку сте имале лош ден, а навечер ви претстои важен состанок, користете путер со мирис на ванила и се ќе биде во ред. Ароматична свеќа со неколку капки ванила или свеќа со мирис на ванила ќе ги смири дури и непослушните деца.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img