Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваНајвкусниот домашен џем од модри сливи

    Највкусниот домашен џем од модри сливи

    Џем од модри сливи – синоним за неодолив вкус кој совршено одговара за разни слатки, торти, палачинки, па и на лепче.

    Џем од модри сливи можете да приготвите многу едноставно, без постојано да мешате и да стоите до шпоретот. Овој џем се приготвува во рерна и нема да ви одземе многу време и мака.

    Потребни состоки:

    5 килограми модри сливи
    1 килограм шеќер (200 гр. на килограм)

    Совет: Шеќерот можете да го дозирате според блажината на сливите и според вашиот вкус. Може да додадете пред крајот и 150 мл рум за вкус, 2-3 ванилин шеќер (малку цимет) и 20-тина мл вински оцет ( ½ филџан за кафе) кој се става 15-тина минути пред крај за да има џемот убава црвена боја, мирисот испарува и не се чувствува.

    Начин на подготовка:

    Модрите сливи убаво измијте ги во неколку води, а потоа преполовете ги и исчистете ги од семките. Ставете ги во некое големо тенџере. Рерната вклучете ја да се загрева на 250 степени.

    Исчистените сливи ставете ги на оган на рингла само колку да провријат, една минута. За тоа време рерната ќе се загрее.

    Провриените сливи вратете ги во тенџерето во кои ќе се печат, па ставете ги во загреаната рерна. Некаде на половина од печењето извадете ги, ќе забележите дека го пуштиле сокот.

    Додадете половина килограм шеќер а по потреба додадете уште. Промешајте и вратете во рерна да се допече. Повремено проверувајте и промешувајте го џемот, приближно на секој половина час откако ќе започнете со печењето.

    Во зависност од сочноста и сортата на сливите, џемот треба да се готви приближно 2-3 часа. Кога мислите дека е готов, извадете малку на тацна и оставете да излади, па проверете ја густината.

    Врелиот џем собирајте го во тегли и затворајте ги и превртете ги наопаку за да се вакумираат. Оставете ги да изладат до послужување. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Ванила – билка со чудесна арома
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Чајот од кантарион одличен за здравјето
    spot_img
    spot_img
    spot_img