Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени субвенции за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

    Исплатени субвенции за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

    petel baner

    Започна исплатата на субвенции за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

    Субвенции од 329.512.000 денари се исплатени за обележани грла говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда до близу 9.700 корисници.

    Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства, со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла говеда.

    Agrobot

    „Извршена е исплата и на финасиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до 5877 пчелари, кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство. Односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства, за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

    Со донесениот ребаланс на буџетот за 2022 година обезбедиме 2,7 милијарди денари финансиски средства. Со нив оваа година комплетно ги расчистуваме заостанатите обврски кон земјоделците, а започнуваме и со аванска исплата на земјоделците.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Подготвивме план и динамика за исплата кој со реализација започнува од овој месец, со исплатата на субвенциите за говеда и пчели. Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. Согласно динамиката до крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците.

    Парите се тука, обезбедени и земјоделците ќе ги добијат своите заслужени средства“ – велат од МЗШВ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img