Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНеколку здрави придобивки од целерот

    Неколку здрави придобивки од целерот

    petel baner

    Во народната медицина целерот најчесто се користи за прочистување на организмот (особено крвта), зајакнување на нервите и помош при болести на мочниот меур бидејќи го поттикнува излачувањето на урината.

    Целерот го чисти и црниот дроб, го намалува шеќерот и крвниот притисок.

    Содржи многу малку калории, па затоа е корисна храна за време на диета, најкорисен е ако се јаде сиров.

    Алергија

    Истурете две лажици ситно сечкан корен од целер со чаша (200 ml) ладна вода. Оставете да отстои два часа. Пијте една третина од чашата три пати на ден, петнаесет до дваесет минути пред оброците.

    Гастритис

    Четириесет грама корен од целер се прелива со литар врела вода, се покрива со плех и се остава да отстои осум часа. Пијте по две лажици, три пати на ден, петнаесет минути пред оброците

    Воспалителни кожни болести

    Половина чаша листови целер прелијте ги со оцет, додадете половина лажица сол.

    Ставете ги воспалените и болни места.

    Нервоза, несоница

    Земете свеж сок од целер, две лажички три пати на ден, дваесет минути пред оброците.

    Остеопороза, болки во грбот, артритис, артроза

    Измијте и сомелете килограм целер со листови во мелница за месо. Со кората сомелете три лимони. Соединете сè и оставете на темно место седум дена. Процедете, додадете 300 грама мед, ставете во фрижидер. Пијте по една лажица три пати на ден пред јадење. По употреба на две дози ќе заборавите на болката.

    Циститис, пиелонефритис

    Истурете една лажичка семки од целер со 200 ml вода, додадете мед по вкус. Измешајте и пијте по две лажици три пати на ден, половина час пред јадење.

    Agrobot
    Чај од целер против ревматизам

    Сварете половина литар вода, додадете 20 грама листови целер, поклопете и оставете да се вари две до три минути. Се трга од оган и се остава покриено да се излади. Процедете и пијте во текот на денот. За третман на ревматизам, се препорачува да се пијат четири шолји чај од целер секој ден во период од четири до шест недели.

    Камен во бубрегот

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Редовната употреба на целер во исхраната може да го спречи развојот на камења во бубрезите, но и во жолчното кесе.

    Целерот треба што повеќе да се користи во секојдневната исхрана бидејќи поволно делува на: бубрезите, желудникот, цревата, мускулите, крвните садови и имунолошкиот систем. Се разбира, целерот не може да биде главен лек за лекување на болести, но може да биде многу корисен за спречување на појава на болести и како додаток на терапијата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img