Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаХраната како лекЈадете соја за подобро здравје

    Јадете соја за подобро здравје

    petel baner

    Соја е важна храна во исхраната на вегетаријанците бидејќи е богат извор на протеини.

    Постојат повеќе сорти на соја, карактеристични се по бојата: жолта, зелена и црна соја.

    Се смета дека сојата потекнува од Кина и дека се користи во исхраната повеќе од 4000 години. Денес покрај Кина, сојата највеќе се одгледува во Бразил и Аргентина, а во светските рамки, покрај пченицата и пченката, припаѓа во најчестите земјоделски култури.

    Експертите сојата ја ставаат во редот на таканаречената функционална храна која лечи.

    Сојата е многу богата со протеини што ја прави поразлична од било која друга билка. Таа содржи 7 есенцијални амино-киселини, а тоа се амино-киселини кои организмот мора да ги внесе за да функционира правилно.

    Agrobot

    Освен ова сојата е богата и со лецитин и со витамин Е, содржи и природни антиоксиданти кои го штитат телото и го спречуваат оксидирањето на LDL холестеролот. Сојата е богата и со магнезиум, а со тоа ја помага работата на сите системи особено на кардио-васкуларниот и локомоторниот.

    Сепак сојата според многу научници е исклучително важна за простатата. Се смета дека луѓето во Азија многу ретко заболуваат од рак на простата, токму поради нивното постојано консумирање на сојата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Освен мажите, придобивките од сојата можат да ги видат и жените. Според статистиките, жените кои редовно консумираат соја имаат многу помали шанси да добијат остеопороза по менопаузата, за разлика од жените кои не ја консумираат – истакнуваат експертите.

    Сојата е здрава намирница без разлика на некои истражувања кои сакаат да го тврдат спротивното. Таа е здрав призвод доколку нормално се употребува – тврдат експертите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img