Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаХраната како лекСинап – древен чувар на здравјето

    Синап – древен чувар на здравјето

    petel baner

    Семето од синап, всушност е главна состојка за производство на сенф, кој е многу здрава намирница и има многу добри ефекти над општото здравје.

    Постојат два вида на оваа билка: црн синап (Barssica nigra) и бел синап (Sinapis alba).

    Што се однесува до минералите, билката синап содржи калиум, калциум и фосфор. Богата е и со витамините А, Ц и Е, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така, изобилува со омега 3 масни киселини и гликозид синалбин, кој е одговорен за лутиот вкус.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Прочитајте за што се е корисно семето од синап:

    1. Може да помогне да се контролираат симптомите на астма

    Семето од синап има голем процент на селениум и магнезиум. И двете компоненти му даваат уникатно антиинфламаторно дејство. Ако се конзумира редовно, може да помогне да се контролираат симптомите на астма, настинка и воспаление на белите дробови.

    2. Може да ви помогне да изгубите килограми

    Чудесните семиња се богати со Б-комплекс витамини како фолати, ниацин, тијамин, рибофлавин и така натаму. На страна од индивидуалните добродети на овие компоненти, тие се одлични и во забрзувањето на метаболизмот, што води до слабеење.
    3. Може да го забави стареењето

    Синапот е одличен извор на каротени, зеаксантини и лутеин (исто така наречени флавоноид и каретоноид антиоксиданти), витамин А, Ц и К. Сите овие состојки ставени заедно се богати со антиоксиданти, што го забавува процесот на стареење.

    4. Ве штити од гастроинтестинален рак

    Фитонутриентите, кои ги има многу во сенфот и семето од синап се одлични за превенција и забавување на прогресот на ракот на гастроинтестиналниот тракт. Студиите покажале дека семето од синап ги има својствата кои го рестриктираат растот на веќе присутните клетки на рак и можат да предизвикаат превенција од формација на друг рак.
    5. Ослободува од ревматски, артритични и мускулни болки

    Селенот и магнезиумот кои можат да се најдат во синапот помагаат во антиинфламаторниот процес и процесот на продукција на топлина. Кога ќе се нанесе на телото паста од синап, таа ја загрева областа и помага да ги ослободи мускулите, што води до ослободување од болката.
    6. Го намалува холестеролот

    Семето од синап содржи високи количества на ниацин и витамин Б3. Ниацинот има својства кои помагаат во намалувањето на холестеролот и ги штити артериите од артеросклероза. Исто така помага во регулирањето на крвниот притисок и го заштитува телото од хипертензија.

    7. Го стимулира растењето на коса

    Со векови маслото од синап се користело за симулирање на растењето на косата. Познато е дека е полно со витамини и минерали, но тоа што ја прави разликата е големото присуство на бета каротен. За време на производството на масти, бета каротенот се претвора во витамин А, кој е одличен за растот на косата. Освен тоа, содржи и железо, масни киселини, калциум и магнезиум,од кои сите го помагаат растот на косата.
    8. Помага во олеснувањето на констапацијата

    Синапот содржи уникатна состојка наречена муцилажа, што е многу тенка и е клучот за олеснување на констапацијата. Исто така синаповото семе се користи и за зголемување на работата на плунковата жлезда, со што се добива подобро варење.

    9. Се бори против инфекциите на кожата

    Богато со сулфур, синаповото семе е одлично за лечење од инфекции на кожата. Сулфурот му дава на семето анти-габично и анти-бактериско својство што го помагаат овој проблем

    10. Го подобрува имунитетот

    Бидејќи семето содржи голем број на елементарни минерали како железо, манган, бакар итн, му помага на телото да се бори против болестите.

    Најпосле, треба да се напомене дека семето од синап треба да се користи умерено. Иако има одлични лековити способности, исто така може да биде и отровно ако се конзумира во големи количини. Советувајте се со медицинско лице пред да го користите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img