Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЗошто треба да се јадат кикирики?

    Зошто треба да се јадат кикирики?

    Науката потврди дека со консумирање кикирики го продолжувате животот.

    Кикирики – богати се со здрави масти, протеини, растителни влакна, а содржат и повеќе од 25 есенцијални хранливи материи – витамин Б, аминокиселини, магнезиум, фосфор, калиум.

    Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија помагаат за поздраво срце и многу други придобивки за човечкото тело, пишува „Eat This“.

    Грст кикирики содржи околу седум грама висококвалитетни растителни протеини, а богати се и со влакна, антиоксиданси и корисни фитонутриенти.

    Науката покажа дека печењето кикирики го зголемува нивото на нутриенти, што ги прави овие јаткасти плодови уште поздрави.

    Мастите од кикирики се првенствено мононезаситени и полинезаситени, а познато е дека и тие помагаат во намалувањето на опасноста од срцеви заболувања.

    Кикириките лесно заситуваат, па помагаат и во контролата на телесната тежина. Истражувањата покажуваат и дека протеините помагаат и во регулирањето на хормоните на гладта, а влакната – на чувството на ситост. Ова е веројатно причината зошто, оние кои често јадат кикиритки и други јаткасти плодови имаат помала веројатност да имаат прекумерна тежина.

    Трудот објавен во американското медицински списание „ЈАМА“ посочува дека кикириките воопшто придонесуваат за подолг и поздрав живот. Оние кои уживаат во јаткасти плодови, воопшто, се вели, имаат значително помала веројатност порано да умрат од која било причина.

    И неколку други поголеми испитувања, водат кон заклучок дека кикириките, како дел од здравата исхрана, можат да го продолжат животот на човекот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img