Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаХраната како лекНамирници кои ги отстрануваат токсините од телото

    Намирници кои ги отстрануваат токсините од телото

    petel baner

    Преку разни намирници и пијалаци, во организмот внесуваме различни материи, кои понекогаш не се здрави, што придонесува за таложење на токсините во организмот.

    Кога токсините ќе се акумулираат во поголема мера во телото, почнуваат да го попречуваат правилното функционирање на организмот.

    Поради неправилната исхрана и бројните штетни надворешни влијанија од средината продукцијата на токсини во телото е зголемена, со што се зголемува и работата која треба да ја врши црниот дроб.

    Затоа, неопходно е во исхраната да внесуваме намирнци кои имаат моќ да го детоксицираат телото и да му помогнат на црниот дроб полесно да се ослободи од токсините. Еве кои намирници можат да ви помогнат:

    Agrobot

    Кромид

    Алил сулфидите во кромидот ги стимулираат ензимите кои вршат елиминација на токсините од телото полесно да работат. Тие помагаат полесно и побрзо да се неутрализираат сите штетни супстанци внесени во телото.

    Цвекло

    Бетаинот од цвеклото им помага на клетките на црниот дроб да се ослободат од токсини. Пектините кои исто така ги има во цвеклото ги чистат токсините кои се насобираат во црниот дроб и го спречуваат нивното наталожување во другите органи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ленено семе

    Не смееме да ја занемариме и важноста на нерастворливите растителни влакна во детоксикација на телото. Лененото семе е одличен извор на влакна кои помагаат во врзување и отстранување на токсини од телото.

    Брокули

    Присуството на витамин Ц, сулфур и одредени аминокиселини во брокулите ги прави одлично средство за детоксикација на телото. Тие помагаат за отстранување на слободните радикали и токсините од телото и ја прочистуваат крвта.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img