Македонија е втор извозник на вино во регионт и 29-ти најголем извозник на вина во светот.
Вкупниот извоз на вино е во вредност од 61,4 милиони долари, покажува минатогодишното рангирање Worldstopexports.
Согласно податоците од Државниот завод за статистика, македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот. Но, има успешни обиди за извоз на вино и во Западна Европа и во Кина.
Најголем извоз на вино традиционално веќе со години наназад имаме во Србија. Минатата година во Србија биле продадени македонски вина во вредност од 14,8 милиони долари.
Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, годинава ќе се одржи и Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам. Саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година.
На Саемот за вино, храна и туризам, Македонија ќе се претстави со слоганот „Вкуси го животот”. Фокусот е регионална, глобална, но и домашна промоција на туристичките, гастрономски и винските капацитети на државата.
Од Македонија ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни видови македонски вина и ракии. Како и повеќе од десет производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.
Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии. Петмина од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.