Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаХраната како лекСок од зелка за заштита на желудникот

    Сок од зелка за заштита на желудникот

    petel baner

    Освен што ја спречува авитаминозата, ја лекува слузокожата на органите за варење, а топлата супа од зелка, го олеснува искашлувањето и ја смирува надразнетоста на хранопроводот.

    Во народната медицина сокот од зелка се препорачува како терапија на чир во желудникот. Овој лековит напиток би требало да се консумира меѓу оброците.

    Најдобар сок е оној од свежа, млада и слатка зелка. Овој сок уште одамна е познат како сок којшто спречува болести на желудникот, гастритис и чир, но има и други здравствени бенефити од него.

    Зелката всушност се наоѓа на највисоката скала на намирниците коишто се добри како превентива против ракот. Се смета дека е особено делотворен ако се консумира редовно. Главно против канцер на желудникот и дебелото црево, градите и белите дробови. Сокот од зелка има и благо лаксативно дејство, корисен е за редовно празнење на цревата, односно против запек.

    Овој сок ја содржи амино киселината глутамин, којашто има клучна улога во чистењето на цревата и воопшто, целиот организам. Ја зацелува оштетената слузокожа на желудникот (чир), регенерира и води кон оздравување.

    Agrobot

    Сокот од зелка содржи корисни состојки кои помагаат и за да се подобри крвната слика во случај на анемија. Го зајакнува и имунитетот кај сите оние коишто го консумираат редовно бидејќи содржи значајно количество на витамин Ц.

    Начин на подготовка:

    За да добиете сок, исецкајте 500 гр зелка, сомелете ја, малку посолете ја и оставете ја да отстои. Потоа исцедете ја зелката преку газа, а сокот чувајте го во фрижидер.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сокот се пие без засладување, а по желба може да се комбинира и со друг зеленчук или овошје. Ако сакате пак да го пиете како лек за желудникот, тогаш треба да го пиете чист или во комбинација со морков. Тоа е така затоа што морковот има благотворно дејство на желудникот.

    Сокот од зелка како лек за желудникот се пие по три пати на ден, и тоа по 1 децилитар сок, пред оброците.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img