Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаХраната како лекКуркума - еден од најздравите зачини на светот

    Куркума – еден од најздравите зачини на светот

    petel baner

    Куркума е еден од најмоќните природни лекови поради состојката куркумин што ја содржи кој има антивоспалителни, антисептички и антивирусни својства.

    Куркума или позната уште како Турмерик, е еден од најмоќните природни лекови. Активната лековита состојка во куркумата се вика куркумин.

    Куркумата се користи во Индија веќе иладници години како зачин и природна боја. Куркумата им дава на јадењата убава жолта боја и пријатна арома, а освен тоа служи како природен антибиотик, превенција од рак, за чистење на црниот дроб и крвта, против артритис и реума, заздравување на рани и брзо обновување на повредената кожа.

    Лековитоста на куркумата

    Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна.

    Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморот. Потврдено е дека е одличен природен чистач на белите дробови и го спречува настанувањето на меланом.

    Поволно и благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања.

    Ова се главните причини заради кои вреди да користите куркума:

    – Ја подобрува работата на срцето

    – Ги чисти крвните садови

    – Одлично се бори против бактериите и габичните инфекции

    – Ги регенерира зглобовите и ги намалува воспаленијата кај артритисот

    – Го намалува чувството на подуеност во стомакот

    – Ги зајакнува коските и е одлична превенција за остеопороза

    – Сојузник е во борбата со ракот

    – Ја подобрува работата на тироидната жлезда

    – Го нормализира менструалниот циклус

    – Нуди одлична детоксикација на белите дробови

    – Позитивно влијае на кожата и сите кожни заболувања

    Agrobot

    – Ги елиминира цревните паразити и ја обновува цревната флора

    – Ја намалува кашлицата и помага кај бронхитисот

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Помага во намалувањето на килограмите

    – Го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img