Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаХраната како лекКозјо млеко – извор на здравје и лек за многу болести

    Козјо млеко – извор на здравје и лек за многу болести

    Козјо млеко е една од најздравите намирници, особено кога станува збор за млечните производи. Неговата хемиска структура е неверојатно слична на мајчиното млеко.

    Козјо млеко се користи ширум планетата не само како храна, туку и како помош во лекувањето на многу болести. Содржи многу протеини богати со есенцијални аминокиселини, широк спектар на витамини и нема тешко сварливи масти.

    Не само што полесно се вари од кравјото млеко, туку содржи и помалку лактоза. Такашто луѓето кои се чувствителни на лактоза полесно го поднесуваат. Потоа, козјото млеко, во споредба со кравјото, содржи повисоки нивоа на витамини (особено витамин Б6), минерали (особено калциум) и пониско ниво на калории.

    Бидејќи е близу до совршена храна и е лесно сварливо, тоа е погодно за исхрана на бебињата веднаш по прекинувањето на доењето. Покрај тоа, козјото млеко е одлична храна за бебиња и деца и затоа што не содржи одреден вид протеини кои често предизвикувааат алергиска реакција кај децата.

    Козјото млеко содржи помалку лактоза, така што лесно може да го консумираат лица кои се чувствителни кон лактозата. Според истражувањата само едно дете од стотина деца, кои се алергични на кравјо млеко, не го поднесува и козјото млеко.

    Децата кои се хранети со козјо млеко побрзо растат, имаат поголема телесна маса. Како и подобра минерализација на коските во споредба со нивните врсници хранети со кравјо млеко. Покрај тоа кај овие деца, количината на витаминот А, тиаминот, рибофлавинот, ниацинот и хемоглобинот биле на повисоко ниво.

    Низ историјата на човештвото, козјо млеко се препорачува за зајакнување на имунитетот, заздравување и зајакнување на белите дробови, против туберкулоза.

    Козјото млеко исто така може да биде добар сојузник и во борбата со стресот. Содржи витамини Б1, Б2, Б6 и Б12 и затоа го зајакнува и нервниот систем.

    Народната медицина го препорачува козјото млеко за лица со чувствителен стомак. Фините честички што се наоѓаат во него генерално нема да им наштетат ниту на луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб.

    Бидејќи козите ја јадат кората на растенијата, нивното млеко е богато со силициум, а тоа е минерал кој има позитивен ефект врз кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img