Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро советиШто можете, а што не да користите за наводнување на растенија

    Што можете, а што не да користите за наводнување на растенија

    petel baner

    Ви останало кафе од утрово, можеби вода со тестенини, или газиран пијалок од синоќа, па мислите дека ако малку се измешате со вода и со неа ги напоите растенијата, тоа нема да влијае на нив. Но грешите! Од друга страна, земајќи предвид колку е драгоцена ресурс водата и дека не треба да се троши во големи количини, за вас истражувавме со што можете да вршите наводнување на растенија и што треба да се избегнува по секоја цена.

    За да преживеат растенијата им треба вода, а понекогаш и многу големи количини. Сепак, факт е дека водата станува сè повреден ресурс во земјите ширум светот, особено поради честиот недостиг и суши. Токму затоа треба да најдеме други извори кои ќе служат за наводнување на нашите растенија, а тоа не е само вода од чешма. Има течности кои се подобри од „водата од чешма“, но и такви кои се полоши од неа.

    Што можете да го користите за наводнување на растенија

    1. Дождовницата е „златна“ кога станува збор за водата за полевање, бидејќи е мека и содржи ниско ниво на сол. Проблемот е што не врне секогаш кога ви треба, па затоа треба да се најде начини за собирање и складирање на дождовницата. Доколку имате покрив или настрешница каде што можете да поставите цистерна или буре, тогаш тоа е идеално решение за складирање и собирање на оваа скапоцена течност.
    2. Водата во која готвите зеленчук  често е богата со витамини и минерали кои можат да им помогнат на растенијата. Ако не ја користите оваа течност за лесна супа или чорба, можете да ја користите за наводнување. Внимавајте да нема сол, шеќер, масло или скроб во водата што ја користите. Течноста треба да се користи веднаш штом ќе се олади за да се спречи растот на бактериите.
    3. Кога ќе одлучите да ја смените водата во аквариумот, можете да ја користите таа течност за наводнување на растенијата бидејќи оваа вода е богата со минерали кои ќе им користат. Не користете аквариумска вода во која има сол.
    4. Секој извор на свежа вода како езерце, езеро, или поток е одличен избор за растенијата. Внимавајте на индустриските извори на загадување, но ако има растенија и животни, веројатно е добро за наводнување.
    5. Обидете се да ја зачувате  водата што чекате да излезе од чешмата. Ставете го садот во мијалникот и фатете ја водата што инаку би се спуштила во одводот. На овој начин складирате голема количина на вода на подолг временски период.
    6. Топениот мраз  е одличен избор за вашите растенија. Почекајте да се растопи целосно пред наводнување или ставете коцки мраз во тенџерето, но да не го допира растението.

    Никогаш не треба да ги полевате вашите растенија со овие работи

    1. Остатоците од кафе содржат одредена количина на киселост, што ги прави непожелни за растенијата. Затоа, растенијата не треба да се полеваат со талог од кафе, особено ако содржат млеко или шеќер.
    2. Киселата вода е лоша за растенијата, бидејќи премногу јаглерод диоксид во неа формира еден вид јаглеродна киселина. Поблагите газирани води содржат пониско ниво на јаглерод диоксид, но исто така не се пожелни бидејќи некои од нив содржат високо ниво на сол.
    3. Млекото во суштина е неутрално. Сепак, со оглед на тоа што содржи многу шеќери, протеини и масти, тој е многу лош избор за наводнување на растенијата.
    4. Сè што содржи вештачки засладувачи  не треба да се користи. Ова ги вклучува газираните, негазираните сокови и сите енергетски пијалоци. Освен што содржат големи количини шеќер, тие можат да содржат и многу киселини кои можат да им наштетат на растенијата.
    5. Водата од базенот не е пожелна бидејќи содржи многу хлор кој е многу силен и се користи за уништување на габите и бактериите во базенот.
    6. Морската вода содржи голема количина сол, што ја прави лош избор за вашите растенија. Може да се користи за растенија кои растат покрај море или на песочни области.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img