Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро ЗабаваДва рецепта за домашен сок од капини

    Два рецепта за домашен сок од капини

    petel baner

    Општо е познато дека сокот од капини е лековит и дека е добар сојузник на организмот во борбата против анемијата.

    Консумирањето сок од капини се препорачува за сите возрасти, како и за трудници и доилки.

    Во продолжение два различни рецепта за домашен сок од капини со без варење:

    Сок од капини со варење

    Потребни состојки:

    5 кг свежи капини

    2 кесички лимонтос

    1,5 килограми шеќер

    Подготовка:

    Измијте ги капините, ставете ги во поголемо тенџере и прелијте ги со вода. Оставете ги да бидат покриени со течност (околу 5 литри).

    Варете ги на силен оган додека не почнат да врие, а потоа намалете ја температурата. Оставете да отстои уште десет минути. Потоа тргнете го тенџерето од шпоретот и двапати процедете го сокот од капини низ сито.

    Потоа ставете килограм и пол шеќер и повторно ставете го на шпоретот. Кога повторно ќе зоврие, тргнете го од оган и додадете две кесички лимонтос. Убаво промешајте за добро да се раствори, а потоа сипете го сокот од тенџерето во стаклени шишиња. Затворете ги, оставете ги да се изладат на собна температура.

    Чувајте го сокот од капини на темно и не премногу ладно место.

    Рецепт за сок од капини без варење

    Потребни состојки:

    1 килограм шеќер

    1,5 кг свежи капини

    1 литар вода

    1 лимон

    Agrobot

    Подготовка:

    Капините добро измијте ги, исцедете ги, префрлете ги во сад со соодветна големина и посипете ги со сок од лимон. Потоа оставете ги да отстојат 24 часа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Следниот ден, потребно е да се процеди добиениот сок и да се додаде шеќер во него. Потоа повторно тргнете го на страна и оставете го да отстои еден ден, само што од време на време ќе треба да ја промешувате смесата.

    Кога ќе помине овој период, истурете го во стаклено шише. Ќе видите дека сокот од капини направен вака без варење има подеднакво добар вкус како и оној приготвен на шпоретот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img