Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНеколку причини зошто да користите црн бибер секојдневно

    Неколку причини зошто да користите црн бибер секојдневно

    petel baner

    Црн бибер е вистински извор на здравје, нутриционистите велат дека доколку сме свесни за неговите благодети, уште повеќе би го користеле.

    Црн бибер – содржи голем број на соединенија со антибактериски, антимикробни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства кои благотворно делуваат на одржување на доброто здравје.

    Со оглед на тоа што е богат со фитохемикалии со лековито дејство, црниот бибер помага за подобрување на варењето, когнитивната функција, а може да биде корисен и за слабеење.

    Otkup na kompiri

    Се верува дека може да биде корисен како додаток на редовната медицинска терапија за намалување на високиот крвен притисок,. Благотворно делува на регулирање на нивото на шеќер во крвта, ги ублажува проблемите со дишењето…

    Ги ублажува респираторните проблеми

    Антивоспалителното и антибактериското дејство на црниот бибер може да помогне при редовна препишана терапија. Како и во лекување на респираторни заболувања како астма, отежнато дишење, синузитис, но и кашлица и настинка.

    Пиперинот во црниот бибер исто така може да го спречи развојот на бактерии кои предизвикуваат респираторни инфекции.

    Ги подобрува когнитивните функции

    Студијата објавена во списанието Food and Chemical Toxicology во 2010 година покажа дека црниот бибер ја подобрува когнитивната функција. Штити од невродегенерација и го намалува оштетувањето на меморијата кај стаорци со Алцхајмерова болест.

    Го регулира нивото на шеќер во крвта

    Студијата објавена во Зборникот на Националната академија на науките во САД во 2016 година, покажа дека пиперинот помага во регулирањето на метаболизмот на мускулното ткиво во мирување. Ова може да им помогне на дијабетичарите и да го олесни губењето на тежината.

    agrounik

    Друга студија објавена во списанието Advances in Pharmacological Sciences од 2013 година покажа дека антиоксидансите во есенцијалното масло од црн бибер биле корисни во борбата против дијабетес тип 2.

    Го подобрува варењето

    Црниот бибер го зголемува производството и лачењето на хлороводородна киселина во желудникот, што овозможува подобро варење и варење на храната. Се верува дека црниот бибер го зајакнува дигестивниот тракт, а со тоа го намалува времето потребно за транзит на храна.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Го олеснува слабеењето

    Црниот бибер има својства кои можат да го стимулираат метаболизмот и да го зголемат производството на топлина. Сево ова заедно може да доведе до разградување на вишокот маснотии.

    Пиперинот кој се наоѓа во оваа храна, исто така, го поттикнува метаболизмот и поттикнува диференцијација на масните клетки,. Така што, резултира со губење на тежината.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img