Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

More
    домаАгро ВестиНамалена е употребата на антибиотици кај животните

    Намалена е употребата на антибиотици кај животните

    Според податоците пријавени во Светската организација за здравствена заштита на животните се бележи вкупно намалување на употребата на антибиотици кај животните ширум светот.

    Антибиотици и во ветеринарството треба да се употребуваат само кога е неопходно и со препорака од стручни лица.

    Неконтролирана употреба, освен за добитокот, може да биде штетна и за луѓето кои се хранат со млекото, месото и со нивните преработки.

    Исто како и кај луѓето, лекувањето на добитокот со антибиотици кога во стадото постои инфекција треба да биде контролирано.

    Светската здравствена организација препорачува сточарите да ја зголемат хигиената и редовно да вршат вакцинирање. Со ова ќе се намали потребата од користењето на антибиотици на фармата. СЗО советува воведување и соодветни начини на исхрана, за намалување на ризикот од здравствени проблеми, особено кај младите животни.

    Во последните неколку години, според статистиката, забележано е значително намалување за 27 проценти на користењето на овие лекови на светско ниво.

    Употребата на антибиотиците и кај нас е регулирана со закон.

    Целта е да се заштити здравјето на потрошувачите и намали резистентноста на организмот од нивната преголема употреба кај животните и кај луѓето преку храната.

    Дефинирани се и условите за користењето на антибиотиците со примена на највисоките критериуми за помал ризик на бактериска отпорност.

    Според експертите за откривање на еден антибиотик се потребни децении, а за создавање резистентност, односно отпорност кон него се доволни само две до четири недели.

    Антимикробните лекови, како што се антибиотиците, се рангирани меѓу најспектакуларните достигнувања на човештвото. Тие го отворија патот кон подобри услови за живот на луѓето и животните. Сепак, многу од овие лекови кои спасуваат живот ја губат својата ефикасност против бројни микроби. Феноменот е познат како „антимикробна отпорност“.

    Делумно како природен процес, антимикробната отпорност може значително да се забрза со прекумерна употреба или злоупотреба на антимикробни средства. Тие можат да вршат селективен притисок за да преживеат и да напредуваат патогените со особини на отпорност. Овие „супербактерии“ потоа можат да патуваат низ водните површини, почвата и воздухот. На тој начин ги заразуваат сите живи суштества, без оглед на нивниот вид, со кои доаѓаат во контакт.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img