Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиУште 300.000 птици несилки го платија данокот на птичји грип

    Уште 300.000 птици несилки го платија данокот на птичји грип

    petel baner

    Од почетокот на септември, во Холандија се пријавени околу 30 случаи на високо смртоносен птичји грип, а уште 300.000 птици се усмртени.

    Вирусот на птичји грип сè уште ја пустоши Европа. Медиумите пишуваат за убивање кокошки и зголемени контроли. Сите активности имаат за цел да го намалат ризикот од ширење на инфекцијата. Годинава се уништени 50 милиони живина, пишува Ројтерс. 

    Otkup na kompiri

    Високо заразен вид

    На југот на Холандија оваа недела беа убиени 300.000 птици несилки на фарма каде што беше откриен многу заразен вид на птичји грип. На оддалеченост од 1 км нема други живинарски фарми, а во радиус од 3 километри има пет. Животните се испитуваат и интензивно се следат четиринаесет дена за симптоми кои може да укажуваат на вирусот.

    Во радиус од 10 километри има уште 128 живинарски капацитети.

    agrounik

    Во регионот е забранет транспорт на сите птици, како за конзумирање, така и за јајца за ведење, од тие локации. Исто така, не е дозволено транспортирање на птичјо ѓубриво, искористено легло, како и други животни и производи од животинско потекло од живинарските фарми. Единствен исклучок е транспортот на еднодневните пилиња. Покрај сите ограничувања,  забрането е да се ловат патки и да се вознемируваат водни птици.

    Од почетокот на септември во оваа земја се пријавени околу 30 случаи на високо смртоносна форма на птичји грип. Досега во Холандија се убиени речиси шест милиони живина, откако за прв пат беше откриена новата варијанта на болеста на 26 октомври минатата година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Се шири и во Франција 

    Поради повторното зголемување на бројот на заболени, Франција исто така ја засилува контролата на птичјиот грип. Министерството за земјоделство најави дека ќе ги зголеми мерките на претпазливост. Откриен е пораст на бројот на нови случаи на птичји грип на фармите лоцирани во регионите на Западна Бретања и Пеј де ла Лоара.

    Седумнаесет кластери од птичји грип беа откриени во два региона. Ова резултираше со дополнителни проверки. На фармерите им беше наредено да ги чуваат своите птици во затворени простории додека се вршат тестови за вирусот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img