Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваКамилица - кралица на билките

    Камилица – кралица на билките

    Растението камилица има исклучително убав и пријатен мирис, а може да се појави во повеќе видови.

    Камилицата одамна е позната како растение кое помага речиси во се. Нема човек кој не ја користел за различни намени, од смирување на кашлица, воспаление на кожата, стомачни проблеми, до помагање за смирување на нервите и депресија.

    Камилицата (лат. Matricaria chamomilla), претставува тревесто растение кое секоја година цвета, високо 20-60 см. Стеблото е исправено, листовите се мали, а цветовите се жолти во средишниот дел, обрабени со бели миризливи ливчиња.

    Камилицата има исклучително убав и пријатен мирис, а може да се појави во повеќе видови. Расте на полиња, запуштени земјишта, покрај патишта, шумски ливади, на падините на полиња со пченка.

    Потеклото на камилицата датира од далечниот Египет, каде што камилицата се споменува како едно од светите растенија кое било посветено на сонцето. Има универзална примена во народната медицина и науката. Тоа е еден од најстарите народни лекови. Сувиот цвет од камилицата (Chamomillae flos) се користи за правење многу природни производи.

    Цвет од камилица

    Цветот на камилицата содржи флавоноиди, фитостероли, танини, гликозиди, слуз, витамин Ц, ниацин, есенцијални масла, ескитерпен лактони, кумарини, амино киселини, горчливи состојки, холин. Поради својот богат состав, цветот од камилицата помага во смирување на кашлицата, како антисептик, за ублажување на грчеви и главоболки. Камилицата може да помогне и при надуеност, дијареа и проблеми со дигестивниот тракт, нередовни менструални циклуси, проблеми со бубрезите, црниот дроб и жолчката.

    Чај од камилица

    Чајот од камилица е познат и се користи речиси во секој дом. Ако се прашувате за што е добар чајот, има безброј одговори. Чајот од камилицата поволно делува на сува кашлица, помага во смирување на иритациите на респираторниот тракт кои предизвикуваат сува кашлица. Има антиинфламаторно дејство и особено се користи за сузбивање на иритираните дишни патишта. Чајот од камилицата се подготвува на следниов начин: една лажица цветови од камилица се прелива со чаша (200 ml) врела вода. Садот се покрива и се остава да отстои 5-10 минути, па се цеди. Пијте шолја чај 3-4 пати на ден.

    Тинктура од камилица и есенцијално масло

    Камилицата може дополнително да се користи во форма на тинктури, есенцијални масла и како сируп од камилица. Тинктурата од камилицата може да се користи за плакнење на устата при различни воспалителни процеси. Камилицата е особено погодна и применлива за деца, особено во форма на есенцијално масло. Азуленот, есенцијалното масло од цветот на камилицата, помага при воспаление на дишните органи и ги смирува иритираните дишни патишта.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img