Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНамирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

    Намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

    petel baner

    Појадокот е најважниот оброк, но наутро на празен стомак, не треба да јадете храна која може да ви го отежне варењето или можеби да предизвика стомачна болка.

    Ако понекогаш или често, имате проблеми со желудникот и варењето, обидете се да ги избегнувате овие намирници на празен стомак.

    1. Цитрусово овошје

    Otkup na kompiri

    Киселините често може да се јават како последица на внес на овошни киселини на празен стомак. Гастритис и чирови можат да настанат како последица на честото консумирање на цитрусни овошја на празен стомак.

    2. Ладни газирани пијалоци

    Доколку се консумираат на празен стомак, ладните газирани пијалоци можат да предизвикаат оштетување на слузокожата на мембраната и да го намали дотокот на крвта во стомакот. Како последица на тоа може да дојде до забавено варење и тешкотии во пределот на стомакот.

    3. Банани

    Доколку јадете банани на празен стомак, тие можат да доведат до нагло растење на нивото на магнезиум во крвта, што може да доведе до оштетување на срцето.

    4. Зачинета храна

    Предизвикува оштетување и иритација на дигестивниот тракт. Зголеменото ниво на киселини во стомакот, исто така, е една од последиците од консумирањето на силно зачинета храна.

    5. Краставица и друг зелен зеленчук

    Сировата краставица и останатиот зелен зеленчук е богат со амино-киселини. Тие можат да предизвикаат горчина и болки во пределот на горниот дел од стомакот.

    6. Домат

    Ова овошје содржи високо ниво на танин кое доведува до зголемување на киселоста во стомакот, а како последица на тоа е честата појава на гастритис.

    7. Круши

    Сировите влакна од крушата можат лошо да влијаат на вашиот стомак и да предизвикаат нелагодности во стомакот, мачнини и лошо варење.

    8. Млечни производи

    Млечните киселини кои ги внесуваме преку производите се намалени од страна на хлороводородните киселини во стомакот. Затоа млечните производи имаат многу мал бенефит за нашиот организам кога ги консумираме на празен стомак.

    agrounik

    9. Слатки

    Внесувањето на слатки кога стомакот ви е празен предизвикува нагло растење на нивото на инсулин, а тоа може да има лошо влијание на панкреасот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    10. Лиснато тесто

    Квасецот кој се содржи во тестото може значајно да го иритира стомакот и да предизвика надуеност.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img