Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиМерни станици за смарт земјоделство во Демир Капија

    Мерни станици за смарт земјоделство во Демир Капија

    petel baner

    Пет мерни станици за смарт земјоделство се инсталирани во Демир Капија.

    Активностите се дел од проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија“.

    – Со поставување на вкупно 40 мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско-обработливите површини на територијата на општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, на лозово – овоштарските насади – информираше градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Otkup na kompiri

    Тој појасни дека агрометеоролошките станици за заштита на земјоделските култури, ќе даваат важни информации за влажност на воздухот, сончеви денови во годината, количество на врнежи, степенот на температурни осцилации. Како и ред други податоци што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер. На овој начин значително ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и кон зголемен принос, со значително зајакнат квалитет на производите.

    Проектот се реализира преку Центар за развој на Вардарски плански регион. А финансиските средства се обезбедени преку Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален развој, како и сопствено учество на општините од Вардарскиот плански регион.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img