Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаситеЦелер и неговите скриени моќи

    Целер и неговите скриени моќи

    petel baner

    Целер – Познато е дека содржи најмалку осум видови антиканцерогени состојки. Познато е и како се приготвува и колку е лековит сокот, а еве ви пишуваме рецепт како да подготвите сол од целер.

    Целерот е здрав од корен до семе и многу лесен за варење. Но тоа е само основната моќ на овој одличен зеленчук. Само 100 грама од коренот на ова растение содржи само 40 калории, што е двојно помалку од истото количество компири.

    Otkup na kompiri

    Одличен е за намалување на крвниот притисок и поради ниската калорична содржина е одличен сојузник во диетите. Главно се состои од вода и затоа е главната состојка на добрите диети.

    Листовите целер се богати со витамин А. Стебленцата се одличен извор на витамини Б1, Б2, Б6 и Ц, тие се полни со калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, фосфор, натриум и есенцијални амино киселини.

    agrounik

    Рецепт за сол од целер

    Сепак, од целерот можете да направите уште една одлична лековита работа – сол од целер! Тоа е зачин кој е одлична замена за обичната сол. Целерот сам по себе е солен, па е одлична основа за оваа подготовка. Обичната сол го зголемува крвниот притисок, ги оптоварува бубрезите и желудникот. Додека пак солта од целер го намалува крвниот притисок и е одличен диуретик.

    Со сол од целер можете да посолите што сакате, а ќе им даде одлична арома на пример на компири, риба, ориз, супи итн. Откако ќе го користите во храната, здивот исто така ќе ви изгледа посвеж. Интересно е што солта од целер добро делува и во рецептот за коктелот Bloody Mary.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Изберете цврсти и здрави корени од целер, исчистете ги и изрендајте ги. Измешајте рендан целер со морска сол во сооднос 1:3. Добро измешајте и ставете го во сад со капак да отстои 20 часа. После тоа, смесата намачкајте ја на плех и ставете ја во рерна да се исуши на температура од 80 степени, додека не се стврдне.

    Извадете ја исушената смеса, изладете ја и измелете ја што е можно пофино, чувајте ја во добро затворена тегла и консумирајте ја по потреба и желба.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img