Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More

    АПЕЛ

    petel baner

    АПЕЛ до образованите и до оние што имаат знаење да не го чуваат туку да го споделат.

    Во Македонија веќе повеќе од 5 години функцонира групата за земјоделие земјоделие.мк

    Оваа група собира не мало членство и е доста активна. Тука членуваат Земјоделци, производители на храна, сточари, пчелари, овоштари, сопственици на рибници, сопственици на земјоделски аптеки, трговци, прекупци, ветеринари, професори, арономи, невладини организации што цицаат пари од државата и странците, партиски функционери, партиски ботови, банкари …..

    Сите овие членови се овде по сопствена желба и имаат сигурно некоја причина зашто се овде.

    Земјоделците помеѓу себе во групата покрај продажба на своите производи си споделуваат меѓу другото и совети и знаења во врска со земјоделскиот процес и пробуваат меѓу себе да споделат искуства и добри практики.

    Сакав да ве прашам за ваше мислење зошто до сега во групата свое учество не земале и професорите од средните земјоделски училишта а особено професорите од Земјоделскиот факултет во Скопје?

    Па зарем овие наши стручњаци немаат што да кажат?

    Зарем овие наши стручњаци не се должни да го споделат своето знаење и да го пренесат на земјоделците кои ќе го применат во пракса?

    Па зарем овие наши стручњаци не се платени со државни пари и своето знаење треба да го даваат бесплатно?

    Зарем овие наши стручњаци не се загрижени за иднината на нашето Земјоделие?

    Зарем овие наши стручњаци јавно се плашат да го искажат своето знаење?

    Успеавме од сајтот на факултетот да ги најдеме овие имиња на редовни професори и еве јавно ги покануваме да се вклучат со своето искуство и знаење во оваа група и да помогнат на земјоделците со експертски совети.

    Дозволете ни вашето знење да го применит во пракса.

    Нека се вклучат и вонредните професори, демонстратори, апсолвенти … не најдовме список 🙂

    Апел до:

    Редовни професори на факултетот за земјоделски науки:

    Ромина Кабранова
    Ана Котевска
    Бојан Поповски
    Тошо Арсов
    Вјекослав Танасковиќ
    Александра Мартиновска-Стојческа
    Гордана Попсимонова
    Рукие Агич
    Раде Русевски
    Ненад Георгиев
    Соња Србиновска
    Зоран Т. Поповски
    Сретен Андонов
    Силвана Манасиевска
    Звонко Пацаноски
    Љубица Каракашова
    Марија Вукелиќ-Шутоска
    Татјана Прентовиќ
    Олга Најденовска
    Драгослав Коцевски
    Владо Вуковиќ
    Ѓоко Буневски
    Крум Бошков
    Дане Бошев
    Златко Арсов
    Соња Ивановска
    Татјана Миткова
    Станислава Лазаревска
    Хрисула Кипријановска
    Елизабета Ангелова
    Биљана Петановска Илиевска
    Марина Стојанова
    Марјан Кипријановски
    Среќко Ѓорѓиевски
    Зоран Димов
    Драги Димитриевски
    Методија Трајчев
    Златко Пејковски
    Михаил Петков
    Сребра Илиќ – Попова
    Владимир Џабирски
    Ордан Чукалиев
    Драган Ѓошевски
    Јован Аждерски
    Петар Христов
    Драги Таневски
    Миле Пешевски
    Љубомир Маринковиќ
    Давчев Живко

    Морам да кажам дека со некои од нив сме имале контакт и сме пробале да се договориме да напишат барем по една колумна месечно што би ја објавиле ние на сајтот ама не успеавме.

    Нивното знаење е огромно и неспорно а од нивното отсуство од групава губат сите и професорите и земјоделците и факултетот и Македонија.

    Да некои од нив ни рекоа дека професорите се должни своето знаење да им го даваат на студентите а не во некоја Фејсбук група за земјоделие. И да во право се не се должни но сепак еве ќе кажеме дека се повеќе од потребни и ги повикуваме јавно да се вклчат.

    Земјоделска група – земјоделие.мк

    Нема многу луѓе што планираат да инвестираат во земјоделие или млади луѓе што планираат својата иднина да ја градат на село, во природа или да живеаат од земја. Уште помалку има млади студенти кои што се заинтересирани да студираат на факултетот за Земјоделски науки тоа го знаат и вработените на факултетот.

    Социјалните мрежи според нас се добра алатка за промовирање и на оваа научна институција која што според мене има водечка улога во обезбедувањето на иднината на оваа наша Македонија.

    Во нашава земјоделска група има многу млади членови а и родители кои што треба да им сугерираат на своите деца каде да се запишат на стуиди и еве ќе се потрудиме да ги поттикнеме да се запишуваат на Факултетот за земјоделски науки.

    Па ако им треба одговор на овие прашања еве нека ги прочитаат зборовите на деканот на факултетот.

    Зошто студирањето на Факултетот за земјоделски науки и храна е добар избор?

    Какви услови и капацитети нуди Факултетот во однос на организирање на наставата и останатите активности?

    Сигурно ќе се запрашате каде сè работат студентите кои дипломирале на нашиот факултет? 

    Agrobot

    Зошто да станете агроном, односно дипломиран земјоделски инженер? 

    АПЕЛ до младите

    Факултет за земјоделски науки

    Студирајте и направете студентските денови да ви бидат незаборавни…  

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/brosura.html 

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img