Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако да направите домашен сируп од рузмарин?

    Како да направите домашен сируп од рузмарин?

    petel baner

    Сируп од рузмарин – Еден од симболите на Медитеранот, омилено растение чија грмушка секој сака да ја има при рака, бидејќи на садовите им дава толку фина арома, може да се конзумира и во напиток кој ќе ве обнови и освежи. Дополнително зачинете го со кришки лимон или лимета и декорирајте со свеж цвет од рузмарин.

    Можете да го засладите чајот со овој сируп или да го користите за ароматизирање на коктели. Покрај тоа, изгледа прекрасно послужено во стаклен бокал, па ќе биде украс за сите забави во градината. Еве го рецептот!

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Сируп од рузмарин

    Состојки:

    • 50 гранчиња рузмарин
    • 3 литри вода
    • 3 кг шеќер
    • 30 g лимонска киселина
    Подготовка:

    Гранчињата рузмарин измијте ги, ставете ги во поголем сад, посипете ги со лимонска киселина и малку издробете ги со раце. Потоа полијте со вода, покријте и оставете 24 часа. Исцедете го, а потоа додадете шеќер во течноста и измешајте и оставете да отстои неколку часа додека не се раствори (повремено мешајте). Кога шеќерот целосно ќе се раствори, ставете малку сируп во чаша и разредете го со вода, пробајте и по потреба додадете уште малку лимонска киселина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сирупот истурете го во чисти шишиња и чувајте го на ладно место. Подгответе го сокот разредувајќи го сирупот со ладна вода во сооднос кој ви одговара, можете дополнително да го ароматизирате со кришки лимон или лимета и свеж цвет од рузмарин. Можете да го засладите чајот со овој сируп или да го користите за ароматизирање на коктели.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img