Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЦикорија: Позната е како замена за кафето, а лековита е од корен...

    Цикорија: Позната е како замена за кафето, а лековита е од корен до цвет

    petel baner

    Цикорија – диво и лековито растение, а најмногу ни е позната како здрава замена за кафето. Првите записи за лековитите својства потекнуваат од списите напишани во Египет во 1550 година п.н.е. Може да се одгледува и во градината или на полето.

    Цикорија – двегодишно плевелно растение, кое може да се најде речиси насекаде: расте по ливади, тревни површини, покрај патишта, по рабовите на шумите… Стеблото е исправено, цврсто, со наизменични ситни листови. Висина од еден метар до еден и пол метар. Во горниот дел стеблото е разгрането, а листовите се поголеми, долгнавести и пердувести. Цветовите се сини. Коренот е вретенест, цврст, однадвор темен, одвнатре речиси бел, долг околу 20 cm и дебел околу 10 cm.

    Otkup na kompiri

    Цикоријата е растение за јадење и е лековито. Надземниот дел од растението се користи и свеж. Цветот и листовите се користат во храната, со мешање со друг зеленчук. Се користи и за салати, чорби, супи. Сувиот, пржен, мелен корен се користи како замена за кафето. Пред многу децении, се правел пијалок од цикорија, слично на бело кафе, наречено цигура.

    Лековити својства

    Цикоријата содржи специфичен гликозид наречен интибин. Интибинот е корисен по својот горчлив и остар вкус, по кој се карактеризира цикоријата. Поволно делува на црниот дроб и слезината. Најновите истражувања покажаа дека екстрактите од воден пијалок имаат заштитен ефект врз клетките на ткивото на црниот дроб изложени на дејство на токсични материи.

    Коренот е богат со инулин, полисахарид и како таков се препорачува за дијабетичари. Го регулира и нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

    Цикоријата содржи многу антиоксиданси, витамини А, Ц и Е, како и витамини Б5 и К, поради што се користи за поддршка на нарушениот имунитет. Од минералите најмногу содржи калиум, па затоа се користи во ситуации кога прекумерно се губат електролити (дијареа и повраќање).

    Со оглед на тоа дека коренот на цикоријата го поттикнува лачењето на жолчката, не се препорачува за луѓе кои имаат проблем со камења во жолчката.

    Одгледување на цикорија

    Не бара посебни услови. Не бара ни многу богата земја. Важно е да е растресита и слабо кисела или неутрална. Потребно е многу сонце, минимум 6 часа дневно и умерено ниво на влажност.

    agrounik

    Оптималната температура за ‘ртење на семето е околу 20°C, а минималната температура е 8°C. Се сее во првата половина на април на длабочина од 1-2 см, со меѓуредно растојание од 45-50 см, а со ѓубре се ѓубри при длабоко есенско орање или при летно орање. Се разредува и се храни во фаза од 2-3 пара листови. Почвата треба да се одржува влажна.

    Цикоријата се бере на крајот на септември, почетокот на октомври. Обично цветот, листот и гранчињата цикорија се сушат, се сечкаат и се користат како чај. Затоа треба да разликувате чај од корен од цикорија и чај од надземниот дел на растението. Најдобро е да се суши на природни температури, никогаш на директна сончева светлина. Се користат засенчени места каде што има доволен проток на воздух.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Важна забелешка:  Употребата на лековити растенија и делови од лековити растенија е информативна. Доколку имате здравствени проблеми, задолжително прво консултирајте се со вашиот лекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img