Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиВисоки количини на канцероген метал откриени во компири од Босна и Херцеговина

    Високи количини на канцероген метал откриени во компири од Босна и Херцеговина

    petel baner

    Кадмиумот често се наоѓа во храната произведена во близина на челичарници или горилници за отпад. Овој канцероген метал е штетен по здравјето на многу начини.

    Присуството на кадмиум (канцероген метал) е откриено во компири од Босна и Херцеговина, соопшти Европскиот центар за брзо предупредување во прометот со храна. Овој прехранбен производ деклариран како органски, како што се наведува, имал недозволиво количество на тежок метал и веднаш бил вратен.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    По извршената анализа, пратката е вратена од хрватската граница на испраќачот во Босна и Херцеговина. Тие велат дека ризикот по здравјето бил сериозен. Датумот на земање мостри беше наведен како четврток, 8 декември, а беа измерени 0,165 милиграми кадмиум по килограм.

    Според регулативата на Комисијата на ЕУ, максималната дозволена количина на кадмиум во компирот и тоа излупен, е 0,10 милиграми на килограм. Европскиот центар изјави дека земја која пријавила е Хрватска, потеклото е од Босна и Херцеговина и дека нема дистрибуција од земјата што ја поднесува апликацијата, односно соседна Хрватска.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Патем, кадмиумот често се наоѓа во храната што се произведувала во близина на челичарници или горилници за отпад. Овој тежок канцероген метал и е штетен по здравјето во повеќе количини над дозволената.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img