Во Кавадарци во сабота, 17 декември, ќе биде организиран саем на мали тиквешки семејни винарии.
На саемот ќе присуствуваат над 35 мали винарии, а посетителите ќе имаат можност да дегустират над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од 4 производители.
Организаторите велат дека цел на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии.
Оние кои ќе го посетат саемот ќе имаат можност да се уверат во одличниот квалитет кој го нудат винариите. А на таков начин ќе го разгласат фактот дека во Македонија има квалитетно вино кое го произведуваат малите тиквешки винарии.
Поголемиот дел од винариите-изложувачи имаат освоено многубројни награди и признанија на престижни светски саеми. А тоа укажува на фактот дека малите семејни винарии се новите амбасадори промотери на македонското вино ширум светот.
Саемот ќе започне во 12:00 часот и ќе трае се до 17:00 часот, а ќе се оддржи во Ангро Палас во Кавадарци. Секој заинтересиран може да го посети саемот и да се запознае со многу нови вкусови вино. Влезицата на саемот е 200 денари.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK