Храна која ги прочистува белите дробови од никотин – Доколку сте престанале да пушите или сте страствен пушач, овие намирници ќе ги намалат негативните ефекти на цигарите и ќе го започнат процесот на чистење на организмот.
Зелје
Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во зелјето.
Брокула, карфиол и зелка
Покрај тоа што овој зеленчук содржи полифеноли за кои се покажало дека се корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржи и антиоксиданси кои го чистат организмот од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни придобивки.
Зелен чај
Со пушење телото ја губи потребната течност, па многу побрзо дехидрира. Пиењето зелен чај, кој е преполн со антиоксиданси, е сигурен начин да го исфрлите вишокот на никотин од вашето тело.
Моркови
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овој несакан ефект, јадете што повеќе моркови. Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главните средства за чистење на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболко и лимон или сомелете го во салата.
Киви, лимон и портокал
Покрај водата, пушењето од телото ги отстранува и витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, посегнете по киви или испијте чаша лимонада.
Сокот од портокал го хидрира организмот, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK