Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека треба да се спречи целокупниот извоз на претстојната жетва на жито.
Забраната за извоз на жито според Путин е бидејќи на земјата и се потребни стабилни резерви.
– Иако има потреба да се обезбедат финансиски резултати на компаниите кои работат во агробизнис сферата, не можеме да дозволиме се да се извезе во странство. Побарувачката ќе биде голема и веќе постои, и покрај сите логистички, товарни и осигурителни ограничувања. Дефинитивно ни треба резерви за кои не ги знаеме резултатите од земјоделските перформанси во 2023 година – рече Путин, пренесува ТАСС.
Лидерот на Руската Федерација додаде дека е тешко да се предвиди што ќе се случи во 2023 година и дека поради оваа причина Русија треба да зачува стабилни резерви.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK