Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиПриродни начини за забрзаување `ртење и никнување на семето

    Природни начини за забрзаување `ртење и никнување на семето

    petel baner

    За да се забрза `ртењето и никнувањето на семето на зеленчук, цвеќиња, зачински и лековити билки како и други растителни видови, тие може да се потопат во различни раствори.

    На површината на семето ќе се формираат материи што му помагаат побрзо да се активира иразвие.

    На тој начин се зголемува енергијата на `ртење, се подобрува снабдувањето со хранливи материи и метаболизмот на младите растенија.

    Otkup na kompiri

    Најмногу се применува на семиња со помали димензии како што се зелка, морков, магдонос, домати, кромид и други видови.

    Може да се направи по дезинфекција или да се користат средства кои истовремено вршат дезинфекција во исто време и формираат хранлив и заштитен слој.

    Има многу природни средства кои можеме да ги искористиме. Еве неколку од нив:

    Медот е лесно достапен. Потребна ви е една кафена лажичка мед измешана во една чаша млака вода. Семето се потопува во оваа течност минимум 12 до максимум 24 часа.

    Растворот од компир може да се подготви на два начина. Првиот е да се замрзнат неколку клубени, исечени на помали парчиња во замрзнувач и кога ќе се одмрзнат да се исцеди сокот. Друг начин е компирите ситно да се изрендаат, да се стават во крпа и да се исцеди сокот. Семето се чува во нив шест до осум часа, а потврдите семки и до 12 часа.

    agrounik

    Земете неколку листови од алое вера и оставете ги на темно и ладно место следните две недели. Сокот од нив се цеди со рака, во стаклен сад и се разредува со вода во сооднос 1:1. Семето се кисне во растворот 24 часа. Растворот обезбедува и антибактериска заштита.

    Пепелта од дрво делува како средство за дезинфекција, но е и одличен биостимулант. Две лажици пепел се ставаат во литар вода, убаво се мешаат и се оставаат 48 часа со повремено мешање. Потоа се цеди, а семките се киснат во растворот од три до шест часа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Растворот базиран на сушени печурки се користи не само за активирање на семето, туку и за прихрана на домати, краставици, бобинки и други култивирани видови. Има цела низа позитивни својства, а подготовката е едноставна. 100 гр печурки прелијте ги со литар топла вода и оставете ги следните 24 часа. Потоа изладениот раствор се процедува и семките се натопуваат во него шест часа.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img