Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро колумнаБиостимулатор Агросал Биопротект

    Биостимулатор Агросал Биопротект

    petel baner

    Биостимулатор Агросал Биопротект е со течна безбојна форма, кој може да се користи за органско и за конвенционално земјоделско производство.

    Периодот на зимското мирување во земјоделството,овоштарите и лозарите го користат за зимска заштита на овошките и лозите од штетници и болести.
    Заштитата се применува со низа агротехнички мерки ,мегу кои и хемиска заштита со прскање на овошките и лозите со Агросал Биопротект-производство на Алкалоид АД Скопје.
    Најчести штетници кои се сузбиваат на овој начин се повеке презимувачки ларвени форми на : разни видови лисни штитести вошки, цветојад, молец, губар, свиткувач, крушкова болва, мразовец, црвен пајак,
    како и црви во коскестото овошје.

    Алкалоид

    ФОРМУЛАЦИЈА

    Концентрат за емулзија (EC).

    СОДРЖИНА

    Рафинирано минерално масло…………………………………95 %

    (White mineral oil, CAS No. 8042-47-5, EC No. 232-455-8)

    ПРИМЕНА

    Количината на примена на Биопротект зависи од земјоделските култури на кои се аплицира, како и периодот на апликација.

    1. Зимско третирање на овошките (во тек на мирување на вегетацијата)

                концентрација 2 – 3 %  (2 – 3 l/100 l вода)

    1. Летно третирање на овошките

    концентрација 0,3 – 0,5 %  (0,3 – 0,5 l/100 l вода)

    ОГРАНИЧУВАЊА

    Зимското третирање да се изведува само кога температурата е над +5 °С. Летното третирање да не се изведува во најтоплиот дел од денот. Третирање од авион не е дозволено.

    ПОДГОТОВКА НА ПРЕПАРАТОТ ЗА АПЛИКАЦИЈА

    Препаратот се аплицира со стандардна опрема за третирање во земјоделството. Во помал сад се прави емулзија (одмерено количество од концентратот со исто количество вода), добро се меша. Резервоарот на прскалката се полни до 2/3 со вода. Се додава емулзијата и потоа се дополнува со вода.

    •Агросал Биопротект наоѓа примена при сузбивање на сите форми вошки (штитеста) Quadraspidiotus perniciosus

    Коскесто овошје

    Cacopsylla pyri крушкина лисна болва прасковиот црв (Cydia molesta)

    •Се употребува и како прилепител во комбинација на фунгициди и инсектициди, особено на плодови кои имаат мазна површина (зелкасти видови). Во текот на вегетацијата се употребува со намалена концентрација и тоа од 0,2-0,3% раствор,со тоа што делува на респираторниот систем и доаѓа до угушување на ларви и некои подвижни форми на вошки.

    •Се употребува и како прилепител во комбинација на фунгициди и инсектициди ,особено на плодови кои имаат мазна површина (зелкасти видови).

    •Во текот на вегетацијата се употребува со намалена концентрација и тоа од 0,2-0,3% раствор,со тоа што делува на респираторниот систем и доаѓа до угушување на ларви и некои подвижни форми на вошки .

    КАРЕНЦА

    За зимските третирања каренцата е обезбедена со времето на апликација, а за летните третирања таа е 21 ден.

    ПОДАТОЦИ ЗА ОПАСНОСТ

    Препаратот, согласно со содржината на активната компонента, спаѓа во групата ОТРОВНИ ХЕМИКАЛИИ.

    Сигнален збор

    ОПАСНОСТ

    Пиктограми

    Изјави за опасност:

    Н304, Н400

    Изјави за предупредување:

    Р273, Р301 + Р310, Р331, Р391, Р501

    МЕРКИ ЗА ПРВА ПОМОШ

    При контакт со препаратот може да дојде до појава на слабо надразнување на носот, кожата, очите и на грлото, проследено со суво кашлање, главоболка и со малаксаност. При вдишување висококонцентрирани испарувања потребен е свеж воздух, а во случај на престанок на дишењето, дајте вештачко дишење. При контакт со кожата веднаш измијте ја со многу сапун и вода и отстранете ја контаминираната облека. При контакт со очите  веднаш исплакнете ги со многу вода, плакнете подолго време. Во случај на проголтување,  НЕ предизвикувајте повраќање.

    При интензивирање на симптомите побарајте помош/совет од лекар и приложете го упатството за употреба.

    ФИТОТОКСИЧНОСТ

    Препаратот не е фитотоксичен доколку се употребува согласно со приложеното упатство.

    ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ

    При третирање со препаратот треба да се почитуваат водозаштитните зони. Не дозволувајте препаратот или остатоци од него да дојдат во контакт со  површинската вода и да ја контаминираат (извори, бунари, реки, езера) или да го контаминираат одводниот систем. Постапката на третирање треба да се изведува на оддалеченост од најмалку 20 метри.

    СКЛАДИРАЊЕ

    Agrobot

    Препаратот се складира во оригиналната амбалажа, во посебна просторија, на суво и на проветрено место, при температура од +5 °С, одвоено од храна, пијалаци и од сточна храна, надвор од дофат на деца. Не го складирајте препаратот во близина на топлина, искри, отворен оган и на силни оксидативни средства.

    ПОСТАПКА СО АМБАЛАЖАТА

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со празната амбалажа и со остатоците од неупотребениот препарат постапете согласно со локалните регулативи за третман на индустриски отпад. Не ја сечете, бушете или палете празната PE-амбалажа, освен ако не е добро измиена и означена како чиста и безбедна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img