Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиМартовска сеидба во полињата и градината

    Мартовска сеидба во полињата и градината

    petel baner

    Мартовска сеидба – Март е месец кога почнуваат интензивните земјоделски работи, сеидба на отворено, но и сеидба за расади.

    Зачекоривме во март, месецот во кој започнуваат бројните земјоделски работи. Се врши прихрана на зимското и сеење на пролетно зрно. Најмногу се сее пролетниот јачмен и овесот, а под пченица има помали површини. За нивна сеидба, парцелите треба да бидат добро подготвени и оплодени.

    Otkup na kompiri

    Пролетниот јачмен има пократка сезона на растење и постигнува добри приноси. Сеидбата се врши од крајот на февруари до крајот на март.

    Толеранција на доцен мраз

    Се препорачува да се сее овес од средината на март до средината на април. Поради неговата чувствителност на ниски температури, подобро е да се почека земјата да се загрее.

    Доколку не сте имале време да посеете пролетен грашок, тоа можете да го направите до средината на март, а до крајот на месецот граор. Координирајте ги работите со временските услови. Изберете сорти толерантни на доцни мразови. Овие две култури можат да се користат како зелена сточна храна, за сено и силажа. Најчесто се одгледуваат во комбинација со житарки кои им даваат поддршка и претставуваат јаглехидратна компонента. Чистите посеви се одгледуваат за зрно.

    Детелина и луцерка се сеат од средината на март до средината на април. Оптималното време за сеидба на црвена детелина е кон крајот на март.

    Зеленчук на отворено и за садници

    Грашок, кромид, лук, зелена салата, морков, рукола, спанаќ, ротквици сееме во првиот дел од овој месец.

    Се врши засадување на расадни култури: пиперки, домати, модри патлиџани, целер, босилек и разни украсни растенија.

    agrounik

    Лесен за одгледување, грашокот ја збогатува почвата со азот. Можеме да го одгледуваме речиси во текот на целата година. Оптималната температура на ‘ртење се движи од 8 до 24ºC. Длабочината на сеење е 5 см. Кога ќе достигне висина од 15 см се покрива. Растојанието помеѓу редовите варира од 50 до 80 см, по ред од 5 до 8 см. Покрај зрното, сè попопуларен е и слаткиот грашок од кој се користат млади, зелени мешунки.

    Семињата од зелена салата се мали и затоа длабочината на садење е 0,5 см. Ги сееме неколку пати во интервал од седум дена. Растојанието помеѓу редовите е околу 30 см, додека од 25 до 30 см е по ред. Често се сее во иста леа со кромид, спанаќ и морков.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оптималната температура за ‘ртење на морковот е помеѓу 8 и 23ºC, а длабочината е 1 cm. ‘Рти долго време, од три до четири недели. Најдобро успева на растресити и песочни почви. Растојанието помеѓу редовите е околу 30 см, по ред од 3 до 5 см. Често се одгледува во комбинација со кромид, бидејќи неговиот мирис ги одбива мушичките.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img