Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКаков чај треба да пиете според крвната група?

    Каков чај треба да пиете според крвната група?

    petel baner

    Чајот отсекогаш се сметал за здрав напиток, а неговото влијание зависи и од тоа на која крвна група припаѓате.

    Ова се најдобрите комбинации од чаеви според крвната група.

    КРВНА ГРУПА НУЛТА

    Лицата кои имаат крвна група нулта се „месари“ и би требало да одбегнуваат млеко, мешунки и глутен. Иако добро поднесуваат стресни ситуации, ги мачи желудечна киселина. Чаевите кои се препорачуваат за лицата со крвна група 0 се на база од ѓумбир, гинсег, зелен чај Сенча и чај Мате.

    Otkup na kompiri

    Идеален избор на чаеви за нив е мешавината Сенча и ѓумбир, а наместо кафе чајот Мате или чист јапонски зелен чај Сенча.

    agrounik
    КРВНА ГРУПА А

    Тоа се многу емотивни и аналитични лица со изразена склоност кон стрес. Поради што имаат трајно високи вредности на кортизол, хормон на стресот. Иако кафето не им пречи, потребата за растителна храна, медитација и јога ќе ја надополнат со секојдневно пиење на соодветен чај. Чаевите за лица со крвна група А се тајванскиот зелен чај Gunpowder, чај од јасмин, комбинација од сребрен јасмин и зелен чај, и машавина од ајдучка трева, невен и мајчина душица.

    КРВНА ГРУПА Б

    Лицата со крвна група Б најчесто имаат спор метаболизам. Склони се кон автоимуни заболувања, дебелеење, летаргија, хроничен умор и неуреден сон. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, на прво место ешерихија коли. Би требало да пијат врвен млад зелен чај, органски зелен или црвен руибос без додатоци, ханејбаш, и имуно-мешавина од бозел, руибос, жалфија и маточина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    КРВНА ГРУПА АБ

    Припадниците на оваа крвна група се интуитивни, не се склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Би требало да се фокусираат на посебни видови зелен чај и сродни препарати, мента, божур, сандаловина и напитоци од ориз. Идеален избор чаеви за нив е природниот жолт чај, врвен зелен чај и мента со пржен ориз. За мажите со крвна група АБ посебно се препорачува мешавина од коприва, мента, катаубе и руибос.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img