домаАгро советиГрадинарски работи кои треба да ги направите во март

Градинарски работи кои треба да ги направите во март

Pneumatik baner

Март е месец на првите градинарски работи, а добрата подготовка е подеднакво важна како и сеењето и бербата.

Еве што треба да направите во март ако имате градина или двор:

Купете го семето кое ви е потребно за градината, дворот, жардиниерите. Најголем дел од цвеќињата што никнуваат од семе се сеат во првата половина на март.

Семенарна хоризонтален банер

Ако веќе не сте го направиле тоа во февруари, март е месецот кога семето за домати, пиперки, цвеќе, се сее во чаши за садници и се чуваат внатре во куќата.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Ископајте ги леите во градината, отстранете го плевелот, израмнете ја земјата и оставете ја да „се размрзне“ од мартовскиот мраз.

Искројте ги розите, ископајте ја земјата околу нив, наѓубрете ги и посипете ги со мулч.
Посипете ја градината со ѓубриво (по можност органско, но и вештачкото ѓубриво не е лоша идеја).

Тигар лого гиф

Ако имате засадено аспарагус во градината, сега е време да ги соберете паднатите лисја и да ја отстраните тревата со рацете. Наѓубрете го аспарагусот и добро наводнете го.

Засадете нови овошни садници, при тоа внимавајќи да не бидат густо засадени.
Овошјето искројте го пред раздвижување на вегетацијата, прскајте со бакарни препарати и минерално масло.

petel baner

Сега е добро време да започнете со правење компост. Компостирањето е совршен начин за рециклирање на вашиот растителен отпад, како и одредено ѓубре од куќата.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img