Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиНа што да се внимава при купување пилиња?

    На што да се внимава при купување пилиња?

    petel baner

    При купување на пилиња треба да се внимава на нивната состојба и изглед. Пилињата треба да бидат суви, a клоаката треба да е сува, чиста, розова.

    Исто така, младите пилиња треба да бидат стабилни на нозете, со исправен грб. Главата да има добра положба, да не паѓа и да не ја вовлекуваат. Крилјата се цврсто припоени покрај телото. Очите и клунот се сјајни. Пилето обрнува внимание кога нежно го туркате со раката. Нема да се склупчи и да легне.

    Здравите пилиња се активни, реагираат на дразби, звук и допир, лесно се движат и наоѓаат вода и храна. За брзо да утврдите дали се квалитетни и здрави, превртете ги на грб. Пилињата во добра форма лесно веднаш ќе застанат на нозе.

    Otkup na kompiri
    Првите десет дена се најчувствителни

    Кога ќе ги купите и ќе ги донесете дома, знајте дека првите десет дена се најчувствителни и бараат зголемена грижа. Тие се многу чувствителни на несоодветна температура и прекумерна влажност. Храната треба да биде прилагодена. Подложни се на бактериски и вирусни инфекции.

    agrounik

    Просторот треба да биде сув, со добра вентилација и без провев, чист и дезинфициран. Водата и храната треба да бидат лесно достапни, а температурата и влажноста треба да се регулираат.

    Првиот ден температурата треба да биде до 30ºC, а потоа во текот на секоја недела се намалува за по два-три степени. Преминот треба да биде постепен за да не предизвика стрес. На крајот на првата недела, температурата треба да биде 28ºC. Постепено се намалува за да достигне вредност од 18ºC на 21-от ден. Со користење на вештачка кокошка, ламба, истовремено ќе ја прилагодите температурата и осветлувањето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Високата влажност е опасност поради подложноста на младите единки на разни болести, особено кокцидиоза. Во првите денови влажноста на воздухот се движи од 65 до 70 отсто, а потоа се намалува на 55 до 60 отсто. Нема да им одговара премногу сув воздух бидејќи ќе реагираат со консумирање повеќе вода и помалку храна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img