Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Tuesday, October 1, 2024

More
    домаситеРастение кое го нарекуваме „крал на сите мириси"

    Растение кое го нарекуваме „крал на сите мириси”

    petel baner

    Крал на сите мириси – Професорот Ханс Хат од Универзитетот Хајнрих Хајне во Дизелдорф вели дека мирисот на ова растение има слично дејство врз луѓето како седативот Валиум, но без непријатни нуспојави.

    agrounik

    Станува збор за јасмин, чие етерично масло се нарекува „крал на сите мириси“. Мирисот на јасмин го подобрува расположението, ја ублажува депресијата, несоницата и анксиозноста. Одличен е и за неутрализирање на негативните емоции како лутина, несигурност, песимизам, вина, тага, па дури и помага при фобии.

    Otkup na kompiri

    Тимот на професорот Хат спровел истражување на глувци. Кога почувствувале мирис на јасмин, престанале да го прават тоа што го прават, се смириле и седнале. Со скенирање на нивниот мозок, тие откриле дека мирисот ја ублажува анксиозноста.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    – Кога се вдишува мирисот на јасмин, неговите мирисни молекули влегуваат во крвта од белите дробови и патуваат до мозокот. Скенирањето на мозокот покажа дека ефектот на хемикалија наречена ГАБА врз нервните клетки е зајакнат. Животните се смирија – објасни Хат.

    Професорот ги објави резултатите од истражувањето во списанието „Journal of Biological Chemistry“. Ннаведува дека резултатите од истражувањето ги смета за доказ дека мирисот на јасмин може да биде подобар избор од разни лекови за лекување на анксиозност, несоница – пренесува Woman Working. Инаку, има неколку видови јасмин, но само два се погодни за етерични масла поради специфичниот мирис по кој е познат – Jasminum officinale и Jasminum grandiflorum.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img