Големи количини непродадени малини од последната реколта уште се чуваат во ладилниците во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Маркетите неофицијално најавуваат значително пониска цена на малини од лани, но се уште никој не излезе со точната сума.
Работите за уредување на насадите со малини и капини започнуваат во месец март. Но, во главниот регион со малини во БиХ, ретко може да се види работата на плантажите со овие овошја. Причините се најавената ниска откупна цена и проблемите од минатата година, кога повеќето откупувачи не ја платија договорената цена.
Затоа, многу производители поради минатогодишното лошо искуство размислуваат да се откажат од производството и да најавуваат расчистување на насадите. Годинава ќе се инвестира помалку, бидејќи откупната цена ќе биде пониска. Многумина ќе ги разредат малините или ќе се откажат од производството.
Познато е дека неизвесна сезона ги очекува и производителите на малини во Србија, каде што се борат со истите проблеми како и босанските одгледувачи на ова овошје. Некои ладилници веќе најавија дека нема да купуваат овошје, бидејќи имаат непродадени залихи од минатата година.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK