Како се штитат шумите во Бразил? Земјите со брзорастечки економии имаат таков земјоделски сектор, што претставува пример за воведување иновативни технологии.
Станува збор за земјоделските сектори на Бразил, Русија, Индија и Кина.
Зачувување на шумите
Според експертот за земјоделство на Светска банка, Јиргин Вогле, трансформацијата на земјоделството ќе доведе и до можност да се прехранат девет милијарди жители на планетата. Тоа истовремено ќе донесе просперитет и ќе го намали загадувањето на животната средина.
Кога станува збор за Бразил, нивниот приоритет е да се зачуваат амазонските прашуми.
Имено, брзото проширување на полињата со соја и сточарските фарми во текот на 1990-тите и раните 2000-ти доведоа до алармантно брзо уништување на шумите. Меѓутоа, во текот на последната деценија, активистите и земјоделците, со поддршка на бразилската влада, заштитија околу 86.000 квадратни километри прашума. Тоа е површина малку поголема од 14 милиони фудбалски игралишта.
Зачувувањето на бразилските шуми спречи ослободување на 3,5 милијарди тони јаглерод диоксид во атмосферата.
Сепак, дури и со овие мерки за ограничување на проширувањето на земјиштето, производството на соја е во пораст. Бразил е на второто место во светот според количината на произведена соја. Причината за тоа е фокусирањето на ефикасноста.
Според Министерството за земјоделство на САД, сојата произведена во Бразил во 2014 и 2015 година постигнала рекорден принос од 104,2 милиони тони, 8,6 милиони тони повеќе од претходната година, благодарение на тоа што земјоделците подобро ги користат полињата и ја штитат природната средина.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK