Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро советиОдгледување на краставици

    Одгледување на краставици

    petel baner

    Одггледување на краставици – агро совет на земјоделие.мк

    Краставицата како градинарска култура доста е застапена во Македонија.

    Поволните, топли климатски услови овозможуваат таа да се одгледува скоро преку целата година и тоа во оранжерии и пластеници.

    Како топлољубливо растеније таа за разлика од некои други градинарски култури кои се одгледуваа кај нас (зелка, домат, пипер и др.) бара повисоки температурни вредности.

    Оптимални температури во текот на вегетација се движат околу 20 до 25 степени целзусови, но температури од 35 степени целзусови или повисоки, предизвикуваат застанување на физиолошките и биолошките функции на растенијата.

    Исто така оваа градинарска култура бара поголема влажност на воздухот и доволна светлина.

    Сите овие основни фактори треба да се земат во предвид при евентуалното одлучување за одгледување на краставиците во летниот временски период.

    Во однос на појава на болести и штетници една од поопасните економски значајни болести е пламеницата, а од штетните инсекти тоа се лисните вошки и трипсот.

    Поради честата берба која најчесто се одвива на секои два до три денови(во зависност од климатските услови) при хемиската заштита треба особено да се обрне внимание на изборот на соодветни пестициди.

    Најдобро е таа да биде со биолошки нетоксични препарати или хемиски средства со каренца од само 1 до 2 денови.

    Agrobot

    Оваа е засега кратко за одгледување на краставиците, а вие во колку сакате можете да ми пишете и поставите прашања од областа на земјоделието.

    Одгледување на краставици

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    М-р Игор Ивановски ти благодариме.

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img