Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

18.8 C
Skopje
Sunday, March 3, 2024

More
    домаАгро ВестиВинарија Тиквеш најдобри

    Винарија Тиквеш најдобри

    Agrobot

    Винарија Тиквеш најдобри и според вашето гласање. Еве зашто се најдобри.

    Оваа година, винарската визба “Тиквеш” заврши со плаќањето на грозјето купено од последната берба, што беше направено пред законскиот рок кој истечува на крајот на април.

    Откупени беа 32,2 милиони килограми грозде од индивидуални производители и правни лица со кои соработува “Тиквеш”, што претставува една третина од целокупните откупени количини во земјата.

    Винарската визба ја започна исплатата веднаш по завршувањето на бербата, со три последователни транши, во согласност со законот.

    Оваа предвремена и редовна исплата е уште еден показател за партнерскиот однос на “Тиквеш” кон лозарите, што е нивна трајна, стратегиска определба.

    Ова им овозможува на партнерите-лозари да ги подготват своите лозја за следната реколта навремено и квалитетно, што е од клучно значење за производството на грозје и вино со висок квалитет, што е императив за натамошниот развој на “Тиквеш” и нивните партнери.

    За да гарантира квалитетно производство на грозје, “Тиквеш” ги поддржува лозарите со различни мерки преку целата година, од стручни совети и едукација до обезбедување на репроматеријали и флексибилни начини на исплата на откупеното грозје.

    petel baner

    За лозаро-производителите кои ги почитуваат стандардите за одгледување на гроздето и гарантираат висок квалитет, “Тиквеш” нуди долгорочни договори за соработка, гарантира откуп и обезбедува стимулативни бонуси.

    Винарската визба “Тиквеш” ги честита претстојните Велигденски и Рамазански празници на своите партнери, соработници и потрошувачи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Винарија Тиквеш најдобри според вашите гласови

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img