Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

16.8 C
Skopje
Saturday, March 2, 2024

More
    домаАгро ВестиПревирања околу законот за оружје

    Превирања околу законот за оружје

    Agrobot

    Законот за оружје – превирања влада и имателите на дозвола за оружје.

    ЛОВЕЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА КОНТРА ВЛАДАТА: Дали владата им објавува војна на 100 000 иматели на оружје или пробува да извлече уште некој динар од граѓаните а богами и да ги докомплицира веќе комплицираните и долготрајни постапки за вадење на дозвола за оружје.

    По иницијатива на Министерството за внатрешни работи, во моментот тече постапка за Донесување на Измени и дополнувања на Законот со оружје, при што Работната група на МВР предводена од г-ѓа Лидија Петрова Мојсовска претседател на работната група за изготвување на Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за оружје и началник на Секторот за оружје, експлозивни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност при МВР, изготви и текст за овој Предлог-закон.

    Во работата на Работната група на МВР за изготвување на Предлог-законот за измени и Дополнувања на Законот за оружје, по барање на ЛФМ ни беше овозможено да учествува и наш претставник.

    Во писмена форма од страна на Ловечката федерација на Македонија, а и на самите состаноци на Работната група на МВР за изготвување на Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за оружје од страна претставникот на Ловечката федерација на Македонија беа дадени и образложени следните предлози:

    1. Муницијата за оружје со жлебени цевки да се набавува слободно, само со дозвола за поседување на оружје;

    2. Лицата кои имаат дозвола за поседување на огнено оружје од одредена категорија, секое следно оружје од истата категорија да можат да го набават само со лична карта(без одобрение за набавка на оружје од МВР);

    3. Постапката за издавање на Одобрение за набавување на оружје, од денот на поднесување на барањето до крајно одлучување да не биде подолга од 6 месеци.

    4. Дозволата за оружје да се продолжува на секои 10 години без доставување лекарско Уверение, а за лица постари од 75 години да се достави лекарско уверение и дозволата да да се продолжува на секои 5 години, а за барањето да одлучува посебна организацина единица(одсек) во одделенијата за оружје на локално ниво;

    5. Лицата кои служеле воен рок да не се упатуваат на обука за техничко знаење за правилна употреба на оружје и познавање на прописи на оружје;

    6. Лице согласно Закон за оружје да се смета дека е опасен за јавен ред и мир, само доколку е правосилно осудено за кривично дело или прекршок со елементи на насилство (а не како што е сега во важечкиот Закон за оружје каде лице се смета дека е опасно за јавен ред и мир, ако правосилно е осудено за кривични дела сторени со умисла кои се гонат по службена должност или ако е правосилно осудено за прекршок против јавниот ред и мир).

    7. Да се укине електронското полагање за техничко знаење за правилна употреба на оружје и познавање на прописи на оружје;

    8. Целосно имплементирање во нашиот Закон за оружје на директивата на Европската Унија (ЕУ) број 555/2021, без селективен и парцијален пристап, мир, ако правосилно е осудено за кривични дела сторени со умисла кои се гонат по службена должност или ако е правосилно осудено за прекршок против јавниот ред и мир).

    8. Да се укине електронското полагање за техничко знаење за правилна употреба на оружје и познавање на прописи на оружје;

    9. Целосно имплементирање во нашиот Закон за оружје на директивата на Европската Унија (ЕУ) број 555/2021, без селективен и парцијален пристап;

    Но, како член на работната група во својство на претставник на Ловечката Федерација на Македонија, бев личен сведок на манипулациите од страна на г-ѓа Лидија Петрова Мојсовска претседател на Работната група на МВР, кои беа во текот на сите состаноци на Работната група на МВР и тоа беа следните:

    давање одобрување за учество во работата на Работната група на МВР на лица кои не се наведени како членови во решението на министерот,

    недоставување на записниците од состаноците и нивно усвојување од нас како членови на Работната група на МВР;

    оркестрирани и претходно договорени прекинувања,

    упаѓања во моите дискусии и предлози за време на состаноците за да бидам замолчен и миноризиран во моите дискусии;

    манипулациите кулминираа со тоа што во финалниот текст на Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за оружје се креирани решенија кои беа надвор од тоа што беше дискутирано и усогласено на состаноците на Работната група на МВР и што е уште поважно, истите не се во согласност со ЕУ Директивите во врска со огненото оружје, а од нас членовите на Работната група беше побарано да го потпишеме извештајот дека финалниот текст од Законот за оружје бил усогласен со ЕУ Директивите во врска со огненото оружје.

    Во манипулативниот финален текст на Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за оружје изработен од Работната група на МВР, меѓудругото е предвидено следното:

    1. Досегашното типови оружје од постојната Ц категорија во кои беа и ловечките пушки на сачми и репетирачките ловечки карабини да се придодадат кон постојната Б категорија, односно да се рекатегоризираат од Ц во 6 категорија, каде граѓаните при продолжување на

    Имателите на дозволи ќе треба повторно да му докажеле на МВР дека ги исполнуваат законските услови за поседување на ловечко оружје од постојната Ц категорија (ова е во спротивност со ЕУ Директивата 555/2021 каде во прилог 1 од истата, каде точни се набројани и текстуално точно се опишани кои типови оружје се од категорија Ц, а кои се од Б категорија);

    2. Во вака рекатегоризираните категории на оружје, продолжување на сите дозволи на оружје(вклучително и за ловечки пушки и ловечки карабини од сегашната Ц категорија) да биде на секои 5 години со доставување на лекарско уверение, при што МВР на секои 5 години ќе преиспитувало дало лицето сеуште ги исполнувало законските услови за поседување на оружје (ова е во спротивност со член 11 точка 1 од ЕУ Директивата број 555/2021, каде е предвидено лицата кои набавуваат оружје од Ц категорија истото да го набавуваат без одобрение и нивна обврска е само да го регистрираат во полиција, при што за ова оружје не е потребно никакво продолжување на дозвола на оружје на секои 5 години, ниту било какво преиспитување на законските услови за поседување);

    3. Набавката на ловечки патрони и ловечка карабинска муниција и да се вршеле со Одобрение на набавка на муниција од МВР(што е спротивно на член 13 точка 1 од ЕУ директивата 555/2021 и го нема во ниту една земја од членките на ЕУ, каде ловечките патрони се набавуваат слободно без било какво одобрение од полицијата);

    1. Лицето да се смета дека е опасно за јавен ред и мир ако правосилно е осудено за кривични дела сторени со умисла кои се гонат по службена должност освен за кривично дело загрозување на безбедноста во сообраќајот сторено од небрижност(што е спротивно од член 6 точка 1(6) од ЕУ Директивата број 555/2021, каде граѓани опасни за јавен ред и мир се сметаат само доколку правосилно се осудени за насилно казнено дела извршени со умисла);
    2. Оружјето со тетива (лак и стрела, самострел) и оружјето кое се полни со црн барут од устата на цевката на оружјето и се пали со фитил, кремен или каписла е ставено во групата на оружја од категорија Б (што е спротивно од ЕУ директивата 555/2021);
    3. Евиденција на ловечки ножеви во евиденција на МВР(што е спротивно од ЕУ директивата555/2021); член 6 точка 1(6) од ЕУ Директивата број 555/2021, каде граѓани опасни за јавен ред и мир се сметаат само доколку правосилно се осудени за насилно казнено дела извршени со умисла);
    4. Оружјето со тетива (лак и стрела, самострел) и оружјето кое се полни со црн барут од устата на цевката на оружјето и се пали со фитил, кремен или каписла е ставено во групата на оружја од категорија Б (што е спротивно од ЕУ директивата 555/2021);
    5. Евиденција на ловечки ножеви во евиденција на МВР(што е спротивно од ЕУ директивата555/2021); 7. Ит.

    Поради погоренаведените манипулации од страна на г-ѓа Лидија Петрова Мојсовска претседател на работната група и началник на Секторот оружје, експлозивни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност и несогласување со начинот до кој е дојдено до истиот и со самата содржина на финалниот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за оружје, го напуштив учеството во работата на Работната група на МВР и не го потпишав Извештајот, затоа што Ловечката федерација на Македонија смета дека Предлог- законот содржи бројни решенија спротивни на ЕУ директивата за оружје и истите во Предлог- законот се применуваат селективно, парцијално и тенденциозно, дека не само што не ги уважуваат интересите на ловците, него се и понижувачки и потценувачки за нив, ги изложуваат непотребно и на големи финансиски трошоци на секои 5 години (трошоци за поднесени барања, жалби, админстративни такси, дозволи, уверенија, одобренија итн.), но и на повеќекратни Доаѓања, чекања и губење време” на шалтерите каде се соочуват со нељубезни, арогантни и неодговорни службеници од Одделенијата на Секторот оружје, експлозивни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност.

    Раководството на Ловечката Федерација на Македонија и јас како нејзин претседател, во рамките на нашите можности и надлежности ќе ги преземеме сите легални дејствија да ги заштитиме интересите на ловците од Македонија, од штетни законски решенија креирани од r-a Лидија Петрова Мојсовска началникот и останатите раководни службеници од Секторот оружје, експлозивни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, кои за својата работа добиваат плата од парите собрани од даноците на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и повеќе од 100 000 граѓани иматели на ловечко оружје.

    За погоренаведената ситуација со официјален писмен допис, Ловечката Федерација на Македонија го извести и г-дин Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, во кој подетално е образложена целокупната ситуација во врска со овој Предлог-закон, побарано е запирање на постапката за донесување на овој Предлог-закон и побарана е и работна средба помеѓу г-дин Оливер Спасовски министер за внатрешни работи и претставници на Ловечката Федерација на Македонија, со цел изнаоѓање решенија во врска со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за оружје во интерес на 100000 лица иматели на ловечко оружје и се разбира во интерес на сите граѓани на Македонија и нашето општесто.

    petel baner

    Воедно ги повикувам сите политички субјекти во Македонија, парламентарни и вонпарламентарни, за овој натпартиски проблем, да реагираат и да го спречат донесувањето на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за оружје со вакви неевропски решенија кои се штетни и ги засегаат 100 000 лица иматели на ловечко оружје, без разлика дали овие граѓани ловци се членови на политички партии, нивни симпатизери или можеби се граѓани кое се целосно аполитични, но сите тие се членови на нашето големото ловечко семејство и сите тие се засегнати со овој Предлог-закон.

    Претседател на Ловечка Федерација на Македонија

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Влатко Алексовски

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img