Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ВестиСуровините за производство на чоколадо поскапуваат

    Суровините за производство на чоколадо поскапуваат

    petel baner

    Состојките кои се користат за правење чоколадо се се поскапи, поради што ова омилено слатко станува се помалку прифатливо. Во Европа особено се зголеми цената на главната состојка, какаото.

    Како што пренесува порталот „СвисИнфо“, според извештајот на швајцарската компанија „Бери Калебо“, цените на какаото во првиот квартал од годинава се повисоки за 8,1 отсто бидејќи побарувачката за него е поголема од понудата. Ова се случува по две години големи вишоци на таа суровина во магацините.

    Поскап е и шеќерот. На светскиот пазар поскапува за 1,4 отсто поради намалувањето на извозот од Индија. Сепак, во Европа е поскап за 92 отсто поради ниските залихи и високите цени на енергијата.

    Причината зошто цените за чоколадо се се поскапи се млечните производи кои се користат во нивното производство.

    Цената на млекото е за 15,7 отсто повисока во однос на истиот период лани.

    Agrobot
    Цените на сите производи на најголемиот светски производител на храна Нестле минатата година се зголемија за 8,2 отсто. Сепак, чоколадните производи беа најмалку погодени од овој раст.

    Како што се додава, чоколадната лента „Black Thunder“, произведена од јапонската компанија „Yuraku“, е една од најевтините во светот.

    За последните три децении чинеше 30 јапонски јени. Љубителите на чоколадото во Јапонија беа непријатно изненадени кога на 1 март цената се зголеми за над 15 отсто, на 35 јени.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    А кога „Јураку“ реши да купи поскапо какао од швајцарската компанија „Бери Калебо“ во 2019 година, потрошувачките цени останаа исти.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img