Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ЗабаваПриродни чаеви против анемија

    Природни чаеви против анемија

    petel baner

    Анемија или намалувањето на бројот на крвните зрнца, може сериозно да го наруши квалитетот на животот, а во тешките случаи да доведе и до потешки компликации.

    Бледа кожа и слузокожа се видливи дури во тешките случаи на анемија. Главно нејзините симптоми се прилично нејасни и неприметливи. Погодените се жалат на општа слабост и непријатно чувство. Со терапијата која ја препишува лекарот добро е да се пијат и одредени чаеви.

    Анемијата или намалувањето на бројот на крвните зрнца, може сериозно да го наруши квалитетот на животот, а во тешките случаи да доведе и до потешки компликации. Затоа секогаш мора да се лекувате според упатствата на докотрот. Меѓутоа, лекувањето на анемија предизвикана од недостаток на железо ќе биде поделотворно со овие билни чаеви. Некои од нив можат да помогнат во создавањето на залихи од железо во организмот.

    Пробајте ги овие четири видови на чаеви против анемија и подобрете ја крвната слика со нивна помош:

    Чај од зимзелени листови

    30 грама суви листови зимзелен сварете ги една минута во литар вода, оставете да отстои 15 минути, потоа процедете. Пијте 2 шољи чај два пати дневно помеѓу оброци.

    Чај од ореви

    20 свежи листови од орев варете ги во литар вода 15 минути, потоа процедете. Пијте една шоља чај пред оброк два пати дневно.

    Agrobot

    Чај од рен

    20 грама корен од рен сварете го во литар вода околу 20 минути. Оставете да стои преку ноќ. Процедете. Пијте две шољи чај дневно помеѓу оброци.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Чај од бела коприва

    25грама суви врвови од цвет од коприва ставете во литар зовриена вода. Оставете да стои 10 минути а потоа процедете. Пијте 2 шољи чај на ден помеѓу оброци.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img