Пламеница на пиперката
Една од пораширените болести кај пиперката е пламеницата(phitophtora capsici).
За разлика од други видови на пламеници кај растенијата кои се шират по воздушен пат, оваа пламеница се шири со помош на водата , по површината на почвата.
На местото на заразата доаѓа до некроза(сушење) кое постепено добива прстенеста форма.
Како резултат на ваквото сушење возрасните растенија постепено почнуваат да венат, за на крај целосно да се исушат.
Бидејќи оваа болест се пренесува површински со помош на водата, тогаш најдобра заштита преставува спречување на влажење на стеблото кај растениетоза време на наводнувањето.
Превентивно може да се третираат растенијата и со некои фунгициди против пламеници кај растенијата.
На крај би сакал уште еднаш да потенцирам дека најдобра заштита на растенијата пипер од пламеница е превенцијата, односно при наводнувањето не треба да се топат(навлажнуват) стеблата на растенијата.
Пламеница на пиперката
Оваа е сосема накратко за оваа економска значајна болест кај пиперката, а вие во колку сакате да добиете бесплатни дополнителни информации слободно пишете ми.
За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK